Опис на компанијата:Дарис инженеринг ДООЕЛ Скопје е реномирана компанија препознатлива на пазарот во Македонија и пошироко по извонредниот квалитет на производи и услуги кои ги нуди во повеќе индустриски гранки.
Гаранција за квалитетот на сопственото производство, производите и услугите се образованиот кадар со бројни квалификации, континуираните обуки и богатото работно искуство на персоналот на компанијата и стручните соработници.
Компанијата е етаблирана со препознатлив квалитет во областа на проектирање, дистрибуција, производство, монтажа на опрема и изведба на комплетни системи од следните области:
- сопствено производство на громобрански фаќачи со уред за рано стартување (ГФУРС) тип ВЕДА ТОТАЛ;
- изведба и контрола на системи за громобранска заштита;
- стручна техничка помош за демонтажа на радиоактивни громобрани (РАГ);
- заземјувачки системи;
- антикорозивна катодна заштита - изведба, сервис и контрола;
- фотоволтаични системи за електрично напојување (островски и вмрежени);
- системи за автоматско управување;
- електрично осветление;
- осветление со дневни светилки без електрично напојување;
- контактно и бесконтактно мерење температури во индустријата;
- системи за детекција на гасови;
- изведба на електрични инсталации во експлозивна (Ех) изведба;
- „паметни“ електрични системи и инсталации;
- специјални електрични системи на барање на клиентите;
- мерни инструменти за електрични и неелектрични големини;
- овесна и спојна опрема (вкрсни спојки, шелни, држачи и слично);
- изработка на проекти, студии и стручни извештаи.
Компанијата Дарис инженеринг ДООЕЛ Скопје со гордост може да се пофали со реномето на најголемо кумулативно искуство на својот персонал и стручните соработници со произведени, проектирани, инсталирани и контролирани системи за громобранска заштита, радиоактивни громобрани и громобрански фаќачи со уред за рано стартување кај околу 500 громобрански системи во Република Македонија.
Целокупното производство и понудените услуги на компанијата се унифицирани со
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје