00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Менаџмент на време


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Доколку бидете свесни за секојдневните навики, ќе можете да го искористите максималниот потенцијал и да бидете успешни во работата, љубовта и животот. Вашата цел треба да биде да ги искористите своите потенцијали и да ги остварите сите цели кои можете да си ги зададете. Вашата цел треба да биде да го искористите сопствениот максимум во секоја област од животот. Постојат луѓе со огромни постигнувања во животот а, спротивно на нив, мнозинството имаат сосема мали постигнувања. Успешните луѓе заработуваат повеќе пари, имаат подобри семејства, пријатели и релации, имаат повисоко ниво на енергија и здравје, постојано постигнуваат многу успеси, почитувани се и престижни во својата експертиза, живеат подолго и посреќно од просекот. Основниот метод кој ќе донесе успех во вашиот живот е практикувањето на навиките на успешните луѓе. Тие треба да се практикуваат активно, за да се постигне напредок и позитивен резултат. Седумте навики на успешните луѓе, според Стивен Ковеј, се: 1. проактивност - навика на лична визија, која се препознава кај успешните претприемачи 2. принцип на лично лидерство - матрица на личниот менаџмент 3. принцип на лично управување - идентификување на приоритетите 4. принцип на барање успех и добивка за сите - поттикнување на натпреварувачки дух во креативно мислење и активности 5. принцип на емпатично комуницирање и активно слушање - разбирање, почитување и уважување на туѓите мисли, чувства и грижи 6. принцип на креативна соработка или тимска работа - взаемно дејствување по пат на синергија 7. принцип на внатрешно самообновување - физичко, ментално, емоционално и духовно обновување на енергијата
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Космо Иновативен Центар

    • Опис на компанијата:Претприемничките искуства на Софроние и најмладиот син Козмо стекнати за време на неколкугодишниот работен ангажман во металниот и енергетскиот сектор во САД во 1920-тите години резултираше со основање мала мелница за производство на брашно во Кичево, Македонија. Набрзо, малата работилница до крајот на 1930-тите години прерасна во мрежа од 4 современи мелници со рационален хидроенергетски погон, а компанијата стана регионален лидер во својата област. Променетите општествени услови наложија наследниците на Козмо своите претприемнички способности да ги реализираат преку техничко-енергетски консалтинг и научно-истражувачка работа во Канада и Македонија. Акумулираното семејно искуство и новото деловно опкружување во 1990-тите години придонесе за обновување на претприемничката традиција и инвестирање во развој на компанија за проектирање и консалтинг во производно-енергетските технологии. Компанијата ги прошири дејностите и прерасна во иновативен центар за правно-економски, финансиски и маркетинг outsourcing consulting и бизнис-инкубатор за мали и средни претпријатија.
    • Адреса:бул.Јане Сандански 113
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:02/2448077
    • Година на регистрација:1920
    • Локација на мапа:Прикажи



    022448077

    корисничка поддршка