00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи (Проценка на загрозеност и План за заштита и спасување)


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Согласно Законот за заштита и спасување, Трговските друштва, во рамките на својот деловен процес, се должни да ги организираат заштитата и спасувањето на вработените и имотот, да се подготвуваат и да преземат превентивни мерки и активности за отстранување на последиците во врска со заштитата и спасувањето. Во зависност од бројот на вработените, видот на дејноста, застапеноста на опасни материи во процесот на производството, локацијата и другите услови, должни се да донесат и изработат Проценка на загрозеност и План за заштита и спасување.

    Во услови кога од работењето можат да го загрозат животот и здравјето на луѓето, или пак да предизвикаат штетни последици, по животната средина, друштвата се должни на свој трошок да воспостават и одржуваат систем за благовремено предупредување и служби и сили за навремено реагирање и да софинансираат пропорционален дел од подготовките на единицата на локалната самоуправа.

    Мерките за заштита и спасување, се остваруваат преку организирање на дејства и постапки од превентивен и оперативен карактер, кои ги подготвуваат Трговските друштава. За ефикасна заштита на вработените и материјалните добра, друштвата обезбедуваат средства за лична и колективна заштита, материјално технички средства, потребни за спроведување на мерките за заштита и спасување и за силите за заштита и спасување и соответно обучен персонал.

    Заради спроведување на мерките за Заштита и спасување, изработуваме План за заштитса и спасување од природни непогоди и други несреќи.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Еко Контрол
  • профил на компанијата

    Еко Контрол

    • Опис на компанијата:Еко-инженеринг е друштво за консалтинг, услуги и трговија, увоз-извоз ДООЕЛ од Прилеп, коешто е формирано во 2005 година од група ентузијасти и посветеници на консалтингот и услугите во областите на: животната средина, безбедноста и здравјето при работа, безбедноста на храната, ISO-стандаредите и други слични области. Приоритетна дејност на друштвото е 71.12. Инженерство и со него поврзано техничко советување, а регистрирани се и дејности во надворешно трговскиот промет. Во целиот овој период на дејствување направивме напори, презедовме дел од активностите, обезбедивме широк спектар на искуства, проучивме соответни решенија, и успеавме во соработка со релевантни фирми и стручни лица да создадеме стручен тим кој гарантира квалитетен пристап кон давањето на услуги во сверата на животната средина, безбедност и здравје при работа, безбедност на храната, ISO имплементација и стандардизација, како и други области, зад кој што стои широка лепеза на веќе изготвена документација и реализирани проекти. Нашите активности во целиот тој период до денес се насочени кон соработка и со други правни и физички лица за заедничко дејствување во областите, како и вршење на дејности за потребите на други правни и физички лица.
    • Име на контакт лице:Гордана
    • Адреса:Партизански Одреди 5
    • Поштенски број:7500
    • Град:Прилеп , Македонија
    • Телефон #:072205977
    • Локација на мапа:Прикажи



    072205977

    корисничка поддршка