00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Консултантски услуги


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:- Управување со Вашите споредни деловни активности:
    Многу компании се соочуваат со проблемот да бидат поконкурентни и да ги намалат трошоците поради моменталната состојба на пазарот. ФМС може да ви помогне преку поддршка и анализа дали да се ангажираат надворешни или внатрешни соработници. Ние можеме да Ви помогнеме во Вашата одлука дали да ангажирате надворешни соработници за одржување, да Ви помогнеме во продажба на Вашиот имот што не го користите за Вашата деловна активност, да направиме анализа дали ефикасно го гористите деловниот простор и дали истиот може да се оптимизира. Многу компании не се грижат, но секој квадратен метар изнајмен простор што не се користи правилно е загуба на ресурси што се платени од страна на Вашата компанија. Нашиот тим ќе помогне точно да се идентификуваат Вашите потреби и ќе обмисли најсоодветното решение.
    Исто така, ние може да Ве поддржиме во ангажирањето надворешни соработници за определени споредни процеси во Вашето работење.
    - Консултантски услуги за недвижен имот:
    Можеме да Ви ја понудиме нашата поддршка за пронаоѓање нов деловен простор или релоцирање на постојниот. Нашиот тим или нашата партнерска мрежа ќе Ви помогнат да ја пронајдете најдобрата локација за Вашата деловна активност. Нашиот тим може да Ви дава насоки во однос на правото на сопственост, од понуда на можности до управување со договори, сè со цел да бидете сигурни дека Вашите барања се исполнети во целост.
    - Управување со проекти за недвижен имот:
    Нашиот тим може да управуваат со Вашиот проект со најголемо внимание и ќе се погрижи сите работи да се извршуваат како што е побарано. Нашата главна цел е обезбедување квалитет и одржување на Вашиот проект во рамките на буџетот. Ние можеме да Ви понудиме управување со проекти за релокација, опремување, проширување и намалување на трошоците. Со аутсорсинг на Вашиот проект, ќе се погрижиме да се намалат Вашите трошоци и ризикот од ненавремено завршување на работата, надвор од рамките на буџетот. Ние сме Ваши претставници и ги претставуваме Вашите интереси низ целиот процес, почнувајќи од планирањето, извршувањето и контролата на целиот проект.

    - Инвестициски консултации:

    ФМС нуди инвестициски консултации и деловни советодавни услуги за различни индустрии во Македонија и во регионот на ЈИЕ. Ние можеме да Ви помогнеме во одредувањето на Вашите инвестициски стратегии и цели што најмногу Ви одговараат, со цел да воспоставите успешен бизнис во Македонија и во регионот. Во денешниот свет на криза и нестабилност, многу е важно да се подготви сеопфатна и детална анализа пред да одлучите на кој пазар би сакале да влезете. Ние Ви ги нудиме нашите услуги за да утврдите кои конкурентни предности ги нуди овој регион за Вашиот бизнис и да ги искористите до максимум. ФМС Ви помага да ги идентификувате можностите на пазарот за Вашата компанија. Со инвестирањето во Македонија можете да заштедите дополнителни трошоци, бидејќи Вашите производи и услуги може да се развијат и клиентите да се опслужат по многу поевтина цена. Работната сила е добро обучена и платите се прилично конкурентни во споредба со соседните земји и Европа. Постојат неколку сектори што се многу атрактивни за инвестирање во Македонија, а некои од нив се индустриското производство, ИТ развој на софтвер фирми, центри за телефонска поддршка, земјоделството. Постигнат е значителен прилив на странски инвестиции во горенаведените индустрии и постои голем потенцијал за нивно експлоатирање. Земјоделството е еден од главните сектори што може да се развива во Македонија, имајќи ги предвид идеалната клима и расположливите ресурси. Ние можеме да Ви ги понудиме нашите услуги во областа на истражувањето на пазарот за индустријата од интерес за Вас, подготовка на бизнис план и физибилити студија за нашите потенцијални инвестиции, да понудиме водство и поддршка низ процесите и чекорите за основање бизнис во Република Македонија. Нашето локално знаење и експертиза може да Ви помогнат подобро да ја разберете општата бизнис клима, да Ви помогне да ги идентификувате потенцијалните можности и закани со кои може да се соочите при влегувањето на пазарот. Со избирање на нашиот тим може да сметате дека имате сигурен деловен партнер што може да ве води низ целиот процес и секогаш може да се потпрете врз нас.
  • Категорија:Консалтинг
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Фасилити Менаџмент Сервицес

    • Опис на компанијата:ФМС ДООЕЛ е друштво кое се занимава со целокупно финансиско и административно управување на имоти и комерцијални објекти, нивно техничко одржување, одржување хигиена со професионални машини и ефикасни средства, хемиско одржување на климатизациски и вентилациски уреди, вклучувајќи и реновирање и преуредување на деловни простории. Меѓу другото ФМС ДООЕЛ е специјализирана компанија која може да Ви обезбеди поддршка при извршување на бизнис активности кои не се дел од Вашата основна дејност во најширока смисла, како и поддршка за влез на пазарот во Македонија уште од самиот почеток па се до завршување на проектот.
    • Име на контакт лице:Јелена Шорак
    • Адреса:Филип Втори Македонски 3, кат 3 (Васил Аџеларски)
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023222246
    • Локација на мапа:Прикажи



    023222246

    корисничка поддршка