00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

ISO Стандарди (Добивањето на ISO-Сертификат)


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:ISO-Стандардите, претставуваат меѓународно признати стандарди кои се базираат на процесниот пристап со кој се развива, применува и подобрува ефикасноста на правните и физичките лица и институциите, а заради зголемување на потребите на корисниците, преку исполнување на нивните барања. Самите стандарди се дефинирани со точки, кои ги опишуваат начините на функционирање на клучните процеси, со детекција на влезовите на процесите, анализа и мерења на процесите, и со тоа се овозможува процес на континуирано подобрување.

    Заради понатамошно планирање и организирање на работењето, како една од клучните точки претставува, следењето и анализата на мислењата на корисниците, со кое одржување на задоволително ниво и подобрување, се постигнува основната цел на имплементацијата на стандардите. Промената на работењето во Вашата Компанија-Институција, согласно барањата на ISO-Стандардите, не само што ќе Ве направи многу поконкурентни на пазарот поради поседувањето на ISO-Сертификатите, туку и ќе допринесе за зголемување на организираноста, ефикасноста на работењето, со постојано намалување на трошоците и континуирано подобрување на производите и услугите.

    Добивањето на ISO-Сертификат, се одвива во две основни фази: Имплементација и Сертификација. Со намера за вклучување во меѓународно признатите стандарди, вршиме имплементација на:

    *Основните стандарди:

    ISO 9001-Систем за управување со Квалитет ISO 14001-Систем за управување со Животната средина ISO 18001-Систем за управување со Безбедност и здравје при работа ISO 22001-Систем за управување со Безбедност на храната

    *Други ISO-Стандарди поврзани со специфичноста на Вашата работа.

    Сертификација: во соработка со реномирани Светски куќи, вршиме Сертификација за добивање на потребните ISO-Сертификати.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Еко Контрол
  • профил на компанијата

    Еко Контрол

    • Опис на компанијата:Еко-инженеринг е друштво за консалтинг, услуги и трговија, увоз-извоз ДООЕЛ од Прилеп, коешто е формирано во 2005 година од група ентузијасти и посветеници на консалтингот и услугите во областите на: животната средина, безбедноста и здравјето при работа, безбедноста на храната, ISO-стандаредите и други слични области. Приоритетна дејност на друштвото е 71.12. Инженерство и со него поврзано техничко советување, а регистрирани се и дејности во надворешно трговскиот промет. Во целиот овој период на дејствување направивме напори, презедовме дел од активностите, обезбедивме широк спектар на искуства, проучивме соответни решенија, и успеавме во соработка со релевантни фирми и стручни лица да создадеме стручен тим кој гарантира квалитетен пристап кон давањето на услуги во сверата на животната средина, безбедност и здравје при работа, безбедност на храната, ISO имплементација и стандардизација, како и други области, зад кој што стои широка лепеза на веќе изготвена документација и реализирани проекти. Нашите активности во целиот тој период до денес се насочени кон соработка и со други правни и физички лица за заедничко дејствување во областите, како и вршење на дејности за потребите на други правни и физички лица.
    • Име на контакт лице:Гордана
    • Адреса:Партизански Одреди 5
    • Поштенски број:7500
    • Град:Прилеп , Македонија
    • Телефон #:072205977
    • Локација на мапа:Прикажи



    072205977

    корисничка поддршка