00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Безбедност на храната, HACCP системи


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Анализата на Ризикот и Критичните Контролни Точки (АРККТ), The Hazard Analysis and Critical Control Point (HACCP) system, е, синоним на безбедна храна или светски признат систем за производство и промет на храната, што во основа има систематски и превентивен пристап што ги препознава; биолошките, хемиските и физичките ризици, и дејствува преку предвидување и превенција.

    Во суштина, тоа е Систем на контролни мерки, односно алатка за контрола на опасностите во постапките за контрола на храната, за да се добие производ, контролиран од самиот производител, со нагласок на флексибилноста која што може да се примени.

    Генералните принципи за хигиена на храната, го следат производството на храна, од примарното производство, до крајните конзументи, при што, ги потенцираат клучните контроли за хигиена на храната и ја препорачуваат примената на НАССР системот.

    Заради успешна примена на Анализата на Ризикот и Критичните Контролни точки, со помош на специјално дизајниран Елаборат, правиме напори за потполна посветеност и учество на менаџментот и вработените во вашето Друштво кои доаѓаат во допир со храната, со придржување кон Правилата за добра хигиенска пракса и Правилата за добра производна пракса, да се преземат сите соответни мерки за ефективна контрола на опасностите за прехранбените производи и да се воспостави ефективен систем за контрола на базбедноста на храната, а да се понудува безбедна храна односно, применување мултидисциплинарен приод.

    Елаборатот истовремено претставува солидна основа за едукација на вработените во спроведувањето на контролните мерки и имплементација на НАССР системот. Крајно, треба да претставува чест и гордост да се биде дел од НАССР системот, како синоним за безбедна храна и светски признат систем за безбедност на храната. Заради суштинското значење на принципите на НАССР системот, се воведува ефикасно и прецизно водење на евиденција, со тоа што се документираат НАССР постапките, односно она што е неопходно во безбедноста на храната во форма на: Евиденција на набавките, Примени замрзнати производи, Примени оладени производи(визуелна проверка и термометри за храна), Примени оладени производи (визуелна проверка), Дневник за температурата, Корективни акции, Распоред за чистење, Проверка на системот за контрола на штетници, Обука на персоналот, Поплаки на потрошувачите.

    За да се провери, дали се спроведуваат ефективно сите елементи од Системот за управување со безбедност на храната и дека Системот се придржува до НАССР принципите, се спроведува Чек- листа за интерна проверка. Интерните проверки, ќе се спроведуваат по претходно утврдена програма, а процесот на контрола ќе се базира на резултатите од претходни контроли и на она што е неопходно за да се осигура безбедноста на храната.

    Интерната проверка, ќе се извршува и доколку се открие појава на бактерии или неквалитетен производ, или доколку има промена во опремата, производот или производниот процес, со цел да се утврди дека е потребно да се изврши промена на Системот за управување со безбедност на храната, вклучувајќи ја и Програмата на предуслови и НАССР планот. Ваша обврска во угостителството, производството и прометот со храна, како и со материјалите што доаѓаат во контакт со храната, е да ги воведете, спроведете и перманентно да ги одржувате постапките за безбедност на храната, односно да го применувате НАССР Системот за управување со безбедноста на храната.

    Ние Ви стоиме на располагање за консултантски услуги, и изработка на потребниот Елаборат, со сите податоци и обврски кои треба да ги имате во предвид за да ги применувате НАССР принципите. Нашата обврска спрема Вас, нема да заврши само со изготвување на Елаборатот. Ние ќе бидеме со Вас и во фазата на спроведување на НАССР Системот.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Еко Контрол
  • профил на компанијата

    Еко Контрол

    • Опис на компанијата:Еко-инженеринг е друштво за консалтинг, услуги и трговија, увоз-извоз ДООЕЛ од Прилеп, коешто е формирано во 2005 година од група ентузијасти и посветеници на консалтингот и услугите во областите на: животната средина, безбедноста и здравјето при работа, безбедноста на храната, ISO-стандаредите и други слични области. Приоритетна дејност на друштвото е 71.12. Инженерство и со него поврзано техничко советување, а регистрирани се и дејности во надворешно трговскиот промет. Во целиот овој период на дејствување направивме напори, презедовме дел од активностите, обезбедивме широк спектар на искуства, проучивме соответни решенија, и успеавме во соработка со релевантни фирми и стручни лица да создадеме стручен тим кој гарантира квалитетен пристап кон давањето на услуги во сверата на животната средина, безбедност и здравје при работа, безбедност на храната, ISO имплементација и стандардизација, како и други области, зад кој што стои широка лепеза на веќе изготвена документација и реализирани проекти. Нашите активности во целиот тој период до денес се насочени кон соработка и со други правни и физички лица за заедничко дејствување во областите, како и вршење на дејности за потребите на други правни и физички лица.
    • Име на контакт лице:Гордана
    • Адреса:Партизански Одреди 5
    • Поштенски број:7500
    • Град:Прилеп , Македонија
    • Телефон #:072205977
    • Локација на мапа:Прикажи



    072205977

    корисничка поддршка