00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Безбедност и здравје при работа - Услуги


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Законот за безбедност и здравје при работа, ги утврди мерките за безбедност и здравје при работа, обврските на работодавачот, и правата и обврските на вработените, како и превентивните мерки против професионални ризици, отстранувањето на ризичните фактори за несреќа, информирање, консултирање, обука на работниците и нивните претставници и нивно учество во планирањето и преземањето на мерки за безбедност и здравје при работа.

    Во рамките на општите и другите обврски, работодавачот, неопходно е да превземе потребни мерки за безбедност и здравје при работа на вработените, заштита од професионални ризици, обезбедување информации и обука и обезбедување соодветна организација и потребни средства. Еко-Инженеринг, е Овластена фирма за стручни работи од безбедност и здравје при работа.

    Ако обавувате било каква дејност во јавниот и приватниот сектор или сте вклучени во работните процеси, а сеуште не сте ги превзеле мерките потребни за безбедност и здравје при работа на вработените, Ние сме тука, и Ви стоиме на располагање за консултантски услуги и изработка на потребната документација.

    Во рамките на општите и другите обврски според Законот, за Вас како работодавач, изработуваме:

    - Проценка на ризикот и Изјава за безбедност и здравје при работа
    - Обучување на вработените за безбедно извршување на работата
    - Мерење на микроклиматски услови и физички штетности
    - Тестирање и контрола на средствата за работа
    - Упатство за работа и Решение за одредување на лице: за Гасење на пожар, за давање Прва помош, за Евакуација и спасување
    - Изработка на План за Евакуација и спасување во случај на вонредна ситуација: проценка на загрозеноста; правци на дејствување за евакуација и спасување; шема на правците за евакуација и спасување
    - Изработка на Проект за заштита од пожари
    - Услуги предвидени за Стручно лице за безбедност и здравје, со положен Стручен испит, до обезбедување на Стручно лице од Вашата фирма.
    - Услуги за подготовка на лице за полагање на Стручен испит за безбедност при работа, и изготвување на Писмена работа
    - Услуги во постапката за одредување Претставник на работниците за безбедност и здравје на вработените, обука и Упатство за работа
    - Потсетник за обврските и правата на вработените и работодавачот и спроведување на законските прописи
    - Водење на евиденција за безбедност и здравје при работа: прегледи на средствата за работа; испитување на штетностите и микроклимата; претходни и периодични здравствени прегледи на вработените; стручно обучување и оспособување на вработените; професионални болести, заболувања, повреди и смртни случаи при работа.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Еко Контрол
  • профил на компанијата

    Еко Контрол

    • Опис на компанијата:Еко-инженеринг е друштво за консалтинг, услуги и трговија, увоз-извоз ДООЕЛ од Прилеп, коешто е формирано во 2005 година од група ентузијасти и посветеници на консалтингот и услугите во областите на: животната средина, безбедноста и здравјето при работа, безбедноста на храната, ISO-стандаредите и други слични области. Приоритетна дејност на друштвото е 71.12. Инженерство и со него поврзано техничко советување, а регистрирани се и дејности во надворешно трговскиот промет. Во целиот овој период на дејствување направивме напори, презедовме дел од активностите, обезбедивме широк спектар на искуства, проучивме соответни решенија, и успеавме во соработка со релевантни фирми и стручни лица да создадеме стручен тим кој гарантира квалитетен пристап кон давањето на услуги во сверата на животната средина, безбедност и здравје при работа, безбедност на храната, ISO имплементација и стандардизација, како и други области, зад кој што стои широка лепеза на веќе изготвена документација и реализирани проекти. Нашите активности во целиот тој период до денес се насочени кон соработка и со други правни и физички лица за заедничко дејствување во областите, како и вршење на дејности за потребите на други правни и физички лица.
    • Име на контакт лице:Гордана
    • Адреса:Партизански Одреди 5
    • Поштенски број:7500
    • Град:Прилеп , Македонија
    • Телефон #:072205977
    • Локација на мапа:Прикажи



    072205977

    корисничка поддршка