00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Проектирање


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Проектирање, архитектонски решенија, дизајнерско изработување на цртежи и рендери по проект.

    Проектирање

    Објектите кои ние ги проектираме се одликуваат со естетика и со функционалност. Секој детаљ се зема предвид, без оглед за која фаза се работи (поставување на кабли, цевки и осветлување).

    Во понудите имаме и проектирање и архитектонски решенија, како и дизајнерско изработување на цртежи и рендери, по проект, со совети за одбирање на материјали и бои, распоред на мебел и останато.

    ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЕКТИТЕ

    Секоја градба е уникатна, но целокупниот процес од планирање до завршување на изведбата системски се применува за секој проект поодделно.

    Ние се вклучуваме во почетокот на фазата на проектирање, така што можеме да управуваме поефикасно со целиот проект, да обезбедиме ефективни решенија за градбите и уште на почетокот да ги идентификуваме проблемите и предизвиците со цел полесно да ги имплементираме промените во дизајнот откако ќе започне изведбата ако за тоа има потреба.

    Ова вклучува детално планирање кое е од суштинско значење за успешна изведба и навремено завршување на проектот и им овозможува на клиентот и нашиот тим да имаат јасна насока во сите фази на проектот.

    - See more at: http://elenalukahome.com/service/proektiranje/#sthash.Sh3KHsp1.dpuf
  • Достапност:По нарачка
  • профил на компанијата

    Елена Лука Хоум

    • Опис на компанијата:Приказната за Elena Luka Home започна како резултат на потребата од уникатни градби, да се подобри визуелната естетика и квалитет на градбите како и на клиентите да им се понуди поинаква визија за нивното домување и да им се отворат богати можности за изборот на нивниот дом, неговиот квалитет, дизајн, архитектонско решение и ентериерот до најмали финеси. Ја остваруваме целта и создаваме метропола во метропола. На прв поглед фасадите на станбено деловниот комплекс во Аеродром ќе Ве потсети на градбите од познатото Големо Јаболко, остварувајќи ја нашата замисла објектите на Elena Luka Home да добијат изглед на светска метропола.
    • Име на контакт лице:Горан Димитровски
    • Адреса:бул. Митрополит Теодосиј Гологанов 130
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:+389 71 346 194
    • Телефон #:+389 2 3217 271
    • Локација на мапа:Прикажи



    023217271

    корисничка поддршка