00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Проекти, опрема, изведба од област на заштита на животна средина


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:“Еко-Инженеринг”, нуди изработка на проекти за повеќе видови на постројки, преку соработка со реномирани производители на опрема, а потоа и реализација (изградба) на тие постројки и инсталации, и тоа особено:

    1. Во рамките на заштита на животната средина, а со цел да не се испуштаат загадувачки материи во животната средина, секој е должен да има изградено соответни постројки:

    - Постројки за пречистување на вода за пиење на населението, и чиста вода за потребите на индустријата
    - Биоротори за биолошко аеробно пречистување на отпадните води
    - Стационарни биолошки пречистувачи на отпадни води
    - Био-јами за отпадни води за помал број на еквивалент жители
    - Сепаратори за одвојување талог, масла и масти; за преработка на замастени атмосферски, процесни и технолошки води, наменети за места каде постои опасност од загадување на водите
    - Мастолови за преработка на отпадни води со поголема содржина на масти, со примена во сите места каде во отпадните води имаат поголема количина на маснотии и органски материи
    - Уреди за автоматско, континуирано извлекување на маснотии, извлекување на масла, од сепаратори, цистерни, технолошки јами
    - Други еколошки проекти и еколошки објекти

    2. Со оглед на тоа што би се воспоставиле контакти со релевантни фирми кои произведуваат еколошка опрема и постројки, “Еко-Инженеринг, може да нуди и еколошка опрема за мали бизниси, а особено:

    - Постројак за сепарирање на комунален и друг цврст отпад
    - Опрема за рециклирање на:
    - Искористени гуми
    - Отпадна пластика
    - Стакло
    - Употребени филтри
    - Стари ТВ екрани и компјутери
    - Отпадни масла
    -Друга опрема

    3. ”Еко-Инженеринг”, нуди набавка и изведба на садови (резервоари) под притисок, кои би нашле примена во стопанството, и тоа следните видови:

    - Резервоари за пропан-бутан (ТНГ)-течен нафтен гас
    - Резервоари за СО2
    - Резервоари за О2
    - Индустриски бојлери
    - Резервоари за компримиран воздух

    Како компатибилни производи на оваа програма, можно е да се набавуваат и изведуваат и:

    - Вертикални резервоари за лесно и тешко течно гориво
    - Хоризонтални резервоари за лесно и тешко течно гориво
    - Сите видови силиси
    - Садови за противпожарна заштита
    - Бојлери за вода
    - Други слични производи

    Волуменот на садовите од оваа програма, ќе изнесува од најмалите, а особено во опсегот од 1 м3, па се до 100 м3.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Еко Контрол
  • профил на компанијата

    Еко Контрол

    • Опис на компанијата:Еко-инженеринг е друштво за консалтинг, услуги и трговија, увоз-извоз ДООЕЛ од Прилеп, коешто е формирано во 2005 година од група ентузијасти и посветеници на консалтингот и услугите во областите на: животната средина, безбедноста и здравјето при работа, безбедноста на храната, ISO-стандаредите и други слични области. Приоритетна дејност на друштвото е 71.12. Инженерство и со него поврзано техничко советување, а регистрирани се и дејности во надворешно трговскиот промет. Во целиот овој период на дејствување направивме напори, презедовме дел од активностите, обезбедивме широк спектар на искуства, проучивме соответни решенија, и успеавме во соработка со релевантни фирми и стручни лица да создадеме стручен тим кој гарантира квалитетен пристап кон давањето на услуги во сверата на животната средина, безбедност и здравје при работа, безбедност на храната, ISO имплементација и стандардизација, како и други области, зад кој што стои широка лепеза на веќе изготвена документација и реализирани проекти. Нашите активности во целиот тој период до денес се насочени кон соработка и со други правни и физички лица за заедничко дејствување во областите, како и вршење на дејности за потребите на други правни и физички лица.
    • Име на контакт лице:Гордана
    • Адреса:Партизански Одреди 5
    • Поштенски број:7500
    • Град:Прилеп , Македонија
    • Телефон #:072205977
    • Локација на мапа:Прикажи



    072205977

    корисничка поддршка