00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Податочното рударење (Data Mining)


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Откривањето на знаење од база на податоци (Knowledge Discovery in Databases – KDD) е процес на идентификација на валидни, нови и
    потенцијално корисни и разбирливи шеми во податоците. Податочното рударење (Data Mining) e чекор во еден KDD процес кој користи компјутерски техники (алгоритми за податочно рударење имплементирани како компјутерски програми) за откривање на шеми во податоците. Мотивацијата за откривање на знаење од базите на податоци доаѓа од
    претпоставката дека постојат корисни информации кои се кријат во масата на неанализирани податоци и според тоа се потребни автоматски методи за лоцирање на интересни информации од податоците.
  • Достапност:По нарачка
  • Продавач:Итеа Солушнс
  • Земја на потекло:Македонија
  • профил на компанијата

    Итеа Солушнс

    • Опис на компанијата:Итеа Солушнс е ИТ компанија која непрекинато го следи забрзаниот развој на ИТ технологиите во светот со што се здобива со препознаена изведба за решенија и консултантски услуги во областа на: Развој на софтверски апликации; Развој на веб апликации и сервиси; Large Scale системи и податочна интероперабилност; Data Mining; Дистрибуирани апликации; Индустриски и академски истражувања и развој; Семантичка анализа и пребарување на документи од Македонскиот корпус; Медиумски анализи – потполно автоматизирано следење, детекција (во реално време) на аудио и видео материјали кои се емитуваат на ТВ и радио медиумите, нивна анализа и генерирање извештаи; Компјутерски мрежи – дизајн и инсталирање. ~ Нашата мисија е да обезбедиме иновативни, рентабилни и високо квалитетни решенија прецизно изработени според потребите на нашите клиенти и да овозможиме забрзано достигнување на нивните бизнис цели со отворени можности за постојано надоградување и усовршување.
    • Име на контакт лице:Игор
    • Адреса:Ристиќева Палата, Плоштад Македонија
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:+389 2 3 21 21 68
    • Локација на мапа:Прикажи



    023212168

    корисничка поддршка