Мерења, мониторинг на изворите на емисија
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Правните и физичките лица, кои имаат извор на емисија, и со своите активности, влијаат врз еден или повеќе медиуми или области на животната средина, и/или користат природни богатства, се должни да вршат интерен мониторинг на изворите на емисија, односно на искористувањето на природните богатства, како и мониторинг на имисиите, во согласност со интегрираните еколошки дозволи. Мониторингот се врши преку мерење на емисиите, односно пресметување и процена на количествата емисии од изворот на загадувањето; редовно следење на имисиите во непосредна близина на изворите на емисиите; редовно следење на искористувањето на природните богатства. Податоците од мониторингот, еднаш месечно, најкасно секој пети во тековниот месец, правните и физичките лица, како и Единиците на локалната самоуправа, се должни да ги доставуваат до Органот на државната управа. “Еко-Инженеринг”, со обезбедени соответни уреди и инструменти одобрени во постапка за верификација на мерилата, и обезбедување на акредитација, врши мониторинг на: - Бучава - Вибрации - Нејонизирачко електромагнетско зрачење - Прашина, вкупна и респирабилна - Струење на воздухот - Релативна влажност на воздухот - Температура - Осветленост - Емисија на гасови - Вентилација и климатизација - Проток на гасови во канали и чаден број - Амбиентални штетни материи - Протек на вода, Рн вредност - Други параметри
Категорија:Други бизнис услуги , Заштита при работа
Достапност:Контакт
Продавач:Еко Контрол
профил на компанијата
Еко Контрол
- Опис на компанијата:Еко-инженеринг е друштво за консалтинг, услуги и трговија, увоз-извоз ДООЕЛ од Прилеп, коешто е формирано во 2005 година од група ентузијасти и посветеници на консалтингот и услугите во областите на: животната средина, безбедноста и здравјето при работа, безбедноста на храната, ISO-стандаредите и други слични области. Приоритетна дејност на друштвото е 71.12. Инженерство и со него поврзано техничко советување, а регистрирани се и дејности во надворешно трговскиот промет. Во целиот овој период на дејствување направивме напори, презедовме дел од активностите, обезбедивме широк спектар на искуства, проучивме соответни решенија, и успеавме во соработка со релевантни фирми и стручни лица да создадеме стручен тим кој гарантира квалитетен пристап кон давањето на услуги во сверата на животната средина, безбедност и здравје при работа, безбедност на храната, ISO имплементација и стандардизација, како и други области, зад кој што стои широка лепеза на веќе изготвена документација и реализирани проекти. Нашите активности во целиот тој период до денес се насочени кон соработка и со други правни и физички лица за заедничко дејствување во областите, како и вршење на дејности за потребите на други правни и физички лица.
- Име на контакт лице:Гордана
- Адреса:Партизански Одреди 5
- Поштенски број:7500
- Град:Прилеп , Македонија
- Телефон #:072205977
- Локација на мапа:Прикажи