00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Домашен факторинг


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Домашниот факторинг е производ наменет за откуп на вашите краткорочни побарувања спрема домашни должници, во рамките на Република Македонија. Кај овој тип на факторинг ние сме во постојан контакт со вас и вашите должници со цел да ви овозможиме контиунирано менаџирање на вашите побарувања и ликвидност. Домашниот факторинг е најкорисен за компании од областа на производство кои што ги продаваат своите производи на одложено плаќање, но мораат однапред да платат за репро материјалите кои тие ги користат во процесот на производството. Нашата флексибилност ни овозможува во релативно брз период да ви обезбедиме парични средства, што го прави овој производ идеален за компании кои имаат одложени побарувања спрема домашни должници ,а имаат итна потреба за финансиски средства. Домашниот факторинг е погоден за услужните компании кои имаат потреба веднаш да добијат средства за нивните побарувања, како и македонските увозници кои производите кои ги дистрибуираат ги нудат со одложено плаќање.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Фактор труст
  • профил на компанијата

    Фактор труст

    • Опис на компанијата:Финансиското друштво за факторинг ФД Фактор Труст ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул.Кеј 13-ти Ноември бр.ГТЦ/ кула 3-3 во Скопје, е основано на 07.05.2010 г. Основна дејност на друштвото е обезбедување на краткорочно финансирање (факторинг и кредити, како и консултантски услуги поврзани со истите). Друштвото е лиценцирано од страна на Министерството за финансии на Република Македонија согласно законот за финансиски друштва. Главна цел на друштвото е да понуди поддршка на развојот на компаниите кои функционираат во македонската економија преку обезбедување на неопходната ликвидност, овозможувајќи им континуиран раст и непрекинат оперативен циклус. ФД Фактор Труст на своите клиенти им ги нуди следните финансиски производи: • Домашен факторинг • Извозен факторинг • Добавувачки факторинг
    • Име на контакт лице:Димитар Ангелкоски
    • Адреса:Кеј 13-ти Ноември, ГТЦ кула 3,кат 4
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:(+389) 2 3224 476
    • Локација на мапа:Прикажи



    023224476

    корисничка поддршка