00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Спринклер Системи за автоматско гаснење на пожар


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Спринклер системите се едни од најраспространетите системи за гаснење на пожари. Овозможуваат ефикасна противпожарна заштита и зголемување на можностите при проектирањето на комерцијални, индустриски, стамбени и институциони објекти. Биспаг Пастор дооел, Ви нуди голем избор на спринклери, спринклер вентили, спојки и фитинзи за спојување на цевките, флексибилни црева, држачи за цевки и сл.
    Спринклер млазниците можат да бидат :
    - Стандардни, за специјална и брза реакција ;
    - К-фактор: 40,57,80,115 ;
    - Се изработуваат од месинг, прохром и бели ;
    - Со навој од 3/8” BSP, ½” NPT ;
    - Нагорни, надолни, странични, конвенционални и скриени ;
    - Спринклери за магацини ;
    - Спринклери за стамбени објекти ;
    - Специјални спринклери ;
    - Отворени млазници.
    Алармните спринклер вентили се расположливи во следните типови :
    - Мокар вентил AV-1, DN 65, 100, 150, 200 ;
    - Сув вентил DPV-1, DN 80, 100, 150 ;
    - Deluge/preactionвентил DV-1, DN 0, 50, 80, 100, 150, 200
    Алармните вентили се расположливи во сите комбинации: фланша/спојка. Во комбинација на алармните вентили се и дополнителните компоненти како што се : алармно ѕвоно, компресор и компоненти за компримиран воздух, забрзувач за сув вентил и сл.
    Расположливи се во различни големини и типови на вентили за затворање, неповратни вентили, фаќачи на нечистотии, приклучоци за противпожарно возило и сл.
    Проектирањето на спринклер системите се врши преку посебен софтверски пакет SPINCAD. Софтверот овозможува користење на дигитални основи во Autocad, при што се врши брзо и ефикасно графичко проектирање, хидраулични пресметки, спецификација на материјали и сл.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Биспаг Пастор
  • профил на компанијата

    Биспаг Пастор

    • Опис на компанијата:Фирмата “БИСПАГ Противпожарна Техника” Дооел е специјализирана фирма од областа на противпожарна заштита,истата е екипирана со стручен кадар за заштита од пожари, квалификувани сервисери за одржување на противпожарната опрема (Противпожарни апарати и хидрантска опрема), системи за заштита од пожари,стабилни системи, автоматско гасење на пожар и други инсталации. Нудиме комплетна противпожарна заштита за правни и физички лица.
    • Име на контакт лице:Марија Кукуноска
    • Адреса:Македонско Косовска Бригада бб,Скопје
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:075404-915
    • Телефон #:2611286
    • Факс #:2611286
    • Година на регистрација:1971
    • Број на вработени:15
    • Процент на извоз:25
    • Локација на мапа:Прикажи



    02611286

    корисничка поддршка