00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Пламенстоп 22-N

Пламенстоп 22-N

Те интересира цената?

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Пламенстоп 22-N е адитив-ретардер кој ја зголемува ефикасноста на водата при гасење на шумски пожари. Пламенстоп 22-N растворен во водата која се користи при гасење на шумски пожари и се делува од земја или со летала од воздух, влијае како успорувач-ретардер на процесот на горење. Исто така од натопената вегетација создава негорлива заштитена зона блиску до критичните места: населби, бензиски пумпи, далекуводи, индустриски зони, сообраќајници. Ефекти од Пламенстоп 22-N кои ги подобруваат особините на водата за гасење пожари: Со Пламенстоп 22-N водата станува погуста и таквата вода подобро ја погодува целта аплицирано до авион или хеликоптер, Со Пламенстоп 22-N водата подобро ги пробива крошните на дрвата и побрзо стигнува до нивните стебла каде се жариштата на пожарот. Со Пламенстоп 22-N водата станува леплива и со тоа се задржува подобро во вегетацијата. Така гасењето на пожарите станува поефикасно од 60%. Со Пламенстоп 22-N и водата и испрсканите незапалени дрва, жбунови и сува трева во противпожарни возила, грбни прскалки или обична опрема НЕМА ДА ГОРАТ. На тој начин пожарот може да се огрнаичи, односно контролира и не трбеа да се копаат ровови и сече вегетацијата за да се спречи проширувањето. Одредувањето на потребната количина на Пламенстоп 22-N зависи од видот и густината на вегетацијата што може да се запали. Ширината на заштитнио појас се одредува во зависнот од брзината на ветерот, густината и висината на вегетацијата и се движи од 3м до 8м.
  • Продавач:Мато
  • профил на компанијата

    Мато

    • Опис на компанијата:Фиирмата Т.Д.МАТО Дооел е формирана во 1993 година со концепција да ги задоволи барањата на пазарот за материјали за заштита од пожари во РМ и пошироко на Балканот. Дополнителна дејност на МАТО Дооел е и производство на градежни материјали. Се наоѓа во општина Карпош, индустриска зона Момин поток. Производствениот простор е поставен на површина од 800 м2, има и инсталирано најсовремена технологија со капацитет од 15.000 кг дневно производство. Производите се атестирани согласно европските прописи и стандарди и се со врвен квалитет со кој управува инженерски тим, следејќи ги најновите трендови на пазарот и науката. Од 2003 година поседуваме и систем за квалитет ИСО 9001-2000. Базирајќи се на компетентност, стручност и искуства од областа, наша мисија е да бидеме доверлив добавувач на производите за противпожарна заштита. ОДГОВОРНОСТ И ПОЧИТ СПРЕМА СОРАБОРНИЦИТЕ Е НАШЕТО МОТО. На Вашите барања, експертскиот тим на фирмата ќе одговори стручно и квалитетно, во секое време
    • Име на контакт лице:Илија Матовски
    • Адреса:Пролет 1-1/3
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:070258044
    • Година на регистрација:1993
    • Локација на мапа:Прикажи



    070258044

    корисничка поддршка