Стандардни Заштитни Мрежи
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Стандардните роло мрежи се изработуваат од водилки, кутија во која е сместено вратило со потребен број барабани и опруги и платно од мрежа. Мрежата е изработена од челична профилирана жица со дијаметар од Ø8mm, споена меѓусебе со поцинкувани спојнички. Мрежата што го формира "платното" на вратата со нејзино подигнување се намотува во горната зона во самата кутија. Кутијата се поставува над светлиот отвор и вообичаено завзема од 29cm до 36cm од просторот над светлиот отвор. Мрежата СТАНДАРД е класичен тип на мрежа која е формирана од таканаречени "баклави". Во зависност од тоа дали на вратилото ќе биде поставен електричен погон се избира големината на кутијата. За мрежи на кои се предвидува поставување на електомотор кутијата изнесува мин 36cm. Сите елементи од мрежата посебно се заштитуваат од корозија со електростатско пластифицирање според РАЛ карта во најразлична нијанса. За големи роло СТАНДАРДНИ мрежи каде површината на мрежата е голема (повеќе од 20m2) вратилото се изработува од цевка со соодветен дијаметар на која директно се поставува платното од мрежата, а електромоторниот погон се поставува странично наглавно на варатилото. За вакви случаи се применуива трофазен електромото-редуктор кој има соодвена снага според големината на мрежата. Компанијата е сертифицирана според ISO 9001:2008 Quality Management System.
Категорија:Други производи за безбедност и заштита
Достапност:Контакт
Продавач:Златна рака-М
профил на компанијата
Златна рака-М
- Опис на компанијата:Сигурно малкумина од Вас се сеќаваат на далечната 1970 година, и “дуќанчето” од десетина квадратни метри кај “Стара рампа” кое ги правеше оние први, несигурни, детски чекори на пазарот. Бевме млади, полетни, полни со идеи, планови, надежи. Имавме визија за нашата фирма и огромна, неизмерна енергија и љубов кон работата. Не се штедевме себе си, не Ве штедевме ниту Вас. Благодарни сме Ви за Вашето разбирање, поддршка и трпение. Почнавме како мал занаетчиски дуќан кој својата идеа, љубов и амбиција ја престори во реалност и воведе светски производи на нашиот пазар со квалитет и безбедност според сведски стандарди а македонско производство. “ЗЛАТНА РАКА” денес е фирма со педесетина вработени, сместена на над 2000 m2 работна површина, опрема и машини (од кои повеќето се конструирани и изработени во нашите погони) единствени во нашата земја па и пошироко. Повеќе иновации, пронајдоци и патенти, како и вредни признанија, дипломи и благодарници, кои се своевидна потврда за квалитетот на нашите производи. Сите производи на нашата фирма се прво понудени на нашиве простори, а некои од нив и во источна Европа. Од самиот почеток нашата фирма се труди да ги задоволи потребите на купувачите, да понуди нешто ново, иновативно, безбедно и практично, нашата цел е да ви понудиме идеална заштита на вашиот дом и деловен простор. Долга e и впечатлива референтната листа на клиенти, во земјава и во странство, а сертификатот ISO 9001-2008 зборува сам по себе. Нашето мото беше и останува: “СЕ ШТО ЗА ДРУГИТЕ ПРЕТСТАВУВА ПРОБЛЕМ - ЗА НАС Е ПРЕДИЗВИК!“
- Име на контакт лице:Влатко
- Адреса:бул.Јане Сандански 11 лок.3
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Мобилен #:072248853
- Телефон #:00 389 (0) 2 2460096
- Факс #:00 389 (0) 2722443
- Година на регистрација:1970
- Локација на мапа:Прикажи