Опис на компанијата:Баукоп е компанија која врши услуги од областа на нискоградба и транспорт, како и трговија со градежни машини и транспортни средства, кои претежно ги набавува од Германија, Холандија и Белгија.
Производи:
• Кранови
• Генератори
• Алуминиумски профили и aксесоари за oграда
• Градежни машини – багери, булдожери, ваљаци, грејдери, виљушкари, автодигалки
Располага и со влекачи и со нисконосечки полуприколки за транспорт, како на сопствените машини исто така и на давање услуги од истата област како во земјата, така и во странство.
Друштвото за трговија, меѓународен транспорт и услуги БАУКОП ДООЕЛ увоз – извоз Скопје, е основана во февруари 1995 година, првенствено како услужна фирма од областа на внатрешниот транспорт, т.е транспорт со камиони – кипери. Од 1998 година ја проширува дејноста и на услуги со градежни машини – багери, булдожери, ваљаци, грејдери, виљушкари... како и автодигалки, со што се комплетира во целосно давање на услуги од областа на нискоградбата. Од 2005 година дејноста ја проширува на трговија со керамички плочки и санитарии, која дејност во 2006 година ја отстапува на новоотворена фирма. Од 2007 година, како генерален застапник на фирмата "Teksan Jenerator" од Истанбул – Турција, почнува со продажба на генератори за производство на струја, како и сервисирање на истите. Од февруари 2009 година, како застапник на фирмата Н & Б од Пловдив, Бугарија, почнува да работи и со трговија со кранови, лифтови, виљушки и други машини за градежништво.
Нашата мисија е да обезбедиме градежни услуги и производи на нашите клиенти со исклучително искуство и професионален интегритет. Ние го цениме значењето на нашите односи и ќе продолжиме да бидеме коректни во нашата работа со сите вработени, клиенти и партнери.
Нашата визија е да бидеме лидери во нашата област со нудење на квалитетни услуги и добра.
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје