00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Ателје Антонија

  • Опис на компанијата:“Моите почетоци доаѓаат од моите потреби да ги изразам мислите и чувствата низ создавање и забава, но и од потрагата по магичното, имагинарното и убавото. Создавањето модна креација како применето уметничко дело има двојна спрега: дава животен импулс и нуди задоволство и на оној што го создава и на оној што го набљудува, односно го оживува и го носи.” Своите афинитети кон модното креирање ги покажува од своја 14 годишна возраст. До 1994 г креирањето и е хоби, истражување и учење. Кога и го оснива и организира своето модно атеље во кое се изработуваат авторските колекциите и креациите за индивидуалните нарачки на своите клиенти. Македонската народна уметност е посебен културен феномен пред кој неможе да се остане рамнодушен. Богатството на форми и изразни средства резултираат од емотивна и уметничка реакција на бурните културни и историски процеси, што кај креаторката Антонија Ристовска будат инспирација за создавање на современи креации кои носат печат на дел од македонското фолклорно богатство. Инспирирана од колоритот и орнаментиката на македонските народни носии, стилизиран и аплициран во еден миг на старото и новото, со користење на техники од минатото и сегашноста, создава креаци со особен белег на етно-гламур стил. Низ своето мисловно патување низ времето и просторот ги спојува минатото и иднината и создава современи креации со особен белег. Елементи од традицијата, ткаените платна, рачно изработените чипки, плисатурите, филигранот, везови со мониста и полудраги камења, рачно изработени апликации се дел од препознатливоста на креациите. За својата постојана инспирација - дамата од денешницата, ги создава креациите кои во својот стил се елегантни, гламурозни, изработени од најпрефинети материјали
  • Име на контакт лице:Antonija Ristovska
  • Адреса:бул.Јане Сандански 70 лок.15
  • Поштенски број:1000
  • Град:Скопје , Македонија
  • Мобилен #:00 389 70 231144
  • Телефон #:00 389 (0) 2 2451800
  • Година на регистрација:1994
  • Локација на мапа:Прикажи

Локација

Слики

Лого

Останато

Комплетност на профилот81.25%
Број на производи107
Член од30 Ное, 2011
Последна промена15:58:40 , 12 Дек, 2013
Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка