00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

CSEN-HCEN КЛИМАТИЗАЦИЈА КАСЕТНИ ВЕНТИЛКОНВЕКТОРИ (ФЕНКОЈЛЕРИ) EDEN


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Касетни вентилоконвектори во 16 различни големини за 2 и 4 цевен систем, со далечинска инфраред команда или за нормален термостат за монтажа на ѕид.
    Носечката структура е направена од цврст галванизиран метален лим кој на 4 агли е појачан со држачи за полесна монтажа на плафонот. Термичката и звучна изолација е полистирен додека надворешната изолација е од затворени ќелии. Инсталацијата е многу лесна и брза. Двете верзии 60x60 (CSEN) и 90x90 (HCEN) се оспособени за инсталација на приклучок со жалузина за свеж воздух (со кружни или правоаголни облици припремени (перфорирани) на лимот.

    • 8 големини
    • 4 верзии за инсталирање
    • Капацитет на ладење: 1,09 ÷ 10,50 kW
    • Капацитет на греење(50°):1,55 ÷ 12,00 kW
    • Капацитет на греење(70°): 2,59 ÷ 19,89 kW
    • Проток на воздух: 255 ÷ 1.274 m3/h
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Техно Ауто
  • профил на компанијата

    Техно Ауто

    • Опис на компанијата:Опрема за Греење и Климатизација | www.tehnoauto.com.mk | ТЕХНО АУТО ДООЕЛ е формирана ноември 1990 година, со основна дејност увоз - извоз и трговија на големо и мало. Главните дејности и делокруг на работење на фирмата е во правецот на ГРЕЕЊЕ, КЛИМАТИЗАЦИЈА И ВЕНТИЛАЦИЈА. ТЕХНО АУТО располага со сопствен деловен простор и продавница, како и лесен товарен транспорт за доставување роба до добавувачите. За сите наши производи имаме обезбедено сервис и резервни делови, а нудиме и помош при проектирање и инженеринг на секакви видови инсталации од областа на греење, климатизација и вентилација во соработка со искусни и проверени проектанти, докажани низ нашиот долгогодишен ангажман. Во нашиот асортиман на производи се наоѓаат: котли и камини на пелети и дрва, пелети, котли на нафта и гас, алуминиумски и панелни радијатори, фенкоилери, чилери, клима комори и целосна опрема за инсталација. ТЕХНО АУТО е генерален застапник за Македонија на следните фирми со производен програм од областа на греење, ладење, вентилација и климатизација: ThermoFLUX од БиХ, Topling од БиХ, Pekpan од Турција, Ecoflam од Италија, Kostopoulos од Грција, Aliseo group од Италија (Eden, Mekar, Venco), Rhoss од Италија, K-Flex од Италија.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Јане Сандански 9-А лок.16
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:00 389 (0) 2 2463333
    • Година на регистрација:1990
    • Локација на мапа:Прикажи



    022463333

    корисничка поддршка