00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Радијатор Орион 500/95


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Најпопуларно дизајнерско и технолошко решение. Резултат на новите тенденции на светскиот пазар кои покажаа интерес за грејни тела кои со истата површина, благодарение на поголемата длабочина даваат поголем ефект на греење. Карактеристични за радијаторот Орион се меките заоблени линии кои во контраст со големата маса и истакнатиот волумен нагласуваат силен и доверлив извор на топлина кој ќе ги исполни вашите очекувања. Благодарение на техничките и термичките својства радијаторот Орион е штедлив, со свеж и модерен дизајн, а својствата на алуминиумските легури од кои е направен обезбедуваат отпорност и долготрајност. Естетски и технички совршен радијаторот Орион во секој простор ќе внесе топлина и стил.
  • Категорија:Грејни тела
  • Продавач:Макотерм
  • профил на компанијата

    Макотерм

    • Опис на компанијата:ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ПРОМЕТ УСЛУГИ И ЗАСТАПУВАЊЕ МАКОТЕРМ е компанија основана во 1988 година со примарна дејност греење, вентилација и климатизација. Согледувајќи ги барањата на пазарот, низ годините ја проширувавме листата на дејности, па денес освен со греење, вентилација и климатизација се занимаваме и со електрика и електро материјали, водовод, санитарија, канализација, завршни работи во градежништвото, третман на води (пречистителни станици, хлорирање, озонирање и сл.), како и увоз-извоз и трговија со материјали кои се користат во тие дејности. Исто така поседуваме сопствена висококвалитетна опрема за изведување на секаков вид на инсталации за греење, водовод, санитарија и електрика. МАКОТЕРМ надвор од Р. Македонија е застапуван од повеќе компании со кои долги години успешно соработува. Наша постојана цел е и останува да биде квалитетот на производите кои ги продаваме и услугите кои ги нудиме. Потврда за тоа е долгата листа на задоволни клиенти и меѓународниот сертификат за квалитет, ISO 9001:2008, издаден од сертификациската куќа Certop. Исто така поседува и лиценци Б и Ц за изведувач на градби од втора и трета категорија, како и овластувања на стручните лица за надзор, ревизија и изведување.
    • Име на контакт лице:Макотерм
    • Адреса:бул.Кирил и Методиј 52 (М.Х.Јасмин)
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:070 367442
    • Телефон #:02 3117733
    • Факс #:02 3221926



    023117733

    корисничка поддршка