00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Машина за пакување - ПОЛУАВТОМАТСКИ TERMO TUNEL


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Машини за збирно пакување. Машината е наменета за поединечно и збирно, а пред се најекономично, пакување на истородни производи во термособирачка фолија. Оваа полуавтоматска изведба е составена од три дела: припремен дел, дел за вметнување во фолија и термо тунел. Во припремниот дел производите рачно се групираат во пакет од 6(2х3), 12(3х4) или во комбинација по потребите на корисникот. Групирањето се врши во специјална рамка која се штелува на потребните димензии од пакетот. Во вториот дел се врши обмотување на пакетот со фолија, заварување и сечење на фолијата. Задвижувањето на пакетот кон фолијата како и задвижувањето на заварувачот и отсекувачот на фолијата се пневматски. Процесот на пакување се завршува во термо тунелот од каде излегува цврст пакет одлично припремен за транспорт. Можни се изведби на машината со други димензии и со поголем степен на автоматизираност, во зависност од желбите на купувачот. МАШИНИТЕ СЕ ПРИКЛАДНИ ЗА ЗБИРНО И ПОЕДИНЕЧНО ПАКУВАЊЕ НА : - пластични и стаклени шишиња, конзерви, тегли, играчки, списанија, книги, хартиени производи, адинг ролни, селотејпи, санитарни производи, средства за хигиена, кабли, калеми, електрични и технички производи, резервни делови за авто индустрија, дрвени производи...... ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ: - Максимални димензии на пакетот Ш х Д х В 500 х 250 x 350mm - Максимална ширина на фолијата 750mm - Максимална дебелина на фолијата 0,12mm - Максимален дијаметар на фолијата 300mm - Брзина на транспортната лента од 1 - 4 м/мин. - Електрично напојување 3x380V - 50Hz - Максимална инсталирана моќност 16kW - Потрошувачка на енергија 6,5kW/час - Фолија за пакување ПЕ, ПП, ПВЦ - термособирачки - Производност од 0 до 8 пакети во мин. - Димензии на машината Д х Ш х В 4.000 x 1.050 x 2.200mm
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Дин бест
  • профил на компанијата

    Дин бест

    • Опис на компанијата:Производство на машини за пакување и амбалажа.
    • Име на контакт лице:Елизабета
    • Адреса:бул.Партизански Одреди 127
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023094000
    • Факс #:023094001



    023094000

    корисничка поддршка