Company introduction:Винарската визба Имако Вино е основана 2002 година како гринфилд инвестиција на Интернационалната Македонска Компанија ИМАКО. Винаријата е со капацитет од 10.000.000 литара вино годишно и располага со најновите технологии за преработка на грозје и производство на вино. Асортиманот на производи вклучува вина добиени од автохтони и интернационални сорти грозје, во различни стилови: суви, полу-суви, полу-слатки и десертни вина во три ценовни сегменти: класични, популарни премиум и ултра-премиум вина.