00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

МИКРОБИОЛОШКА КОНТРОЛА НА ХРАНА


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Секој човек поединец кој се грижи за себе треба да посвети внимание на своето здравје вршејќи контрола на храната која ја внесува. Надуените конзервирани производи во маркетите, храната која е со непријатна миризба, променета боја или пак променета коензистенција на истата, недобро приготвената храна од животинско потекло се едни од причините за масовни труења со храна кои и ден денес се случуваат.
    За да се спречи ова потребно е фирмите како произведители од своја страна да ги направат сите анализи кои се потребни за потврда на микробиолошката исправност на храната и производите. Микробиолошката анализа на храна се однесува на контрола на присуството на микроорганизми во месо и месни производи, млеко и млечни производи, конзервирана храна, производи од растително потекло, сокови…
    Во нашата лабораторија се изработуваат следните анализи за контрола на храна:
    Хоризонтални методи за постапки за земање на проби за употреба на површински контактни плочи и брисеви

    Одредување на вкупен број мезофилни бактерии на 30 °C
    Одредување на квасци и мувли на 25 °C
    Одредување на Salmonella spp.
    Одредување и детекција на Enterobacteriaceae
    Одредување на beta-glukuronidaza позитивни E. coli
    Одредување на број на коагулаза позитивни стафилококи
    Одредување на број и докажување на Campylobacter spp.
    Докажување на L. monocytogenes
    Одредување на број на L. monocytogenes
    Докажување на сулфидредуцирачки клостридии
    Докажување на Clostridium perfringens
    Докажување и броење на Bacillus cereus
    Докажување на E. coli O157
    Молекуларни метагеномски анализи
  • Availability:In Stock
  • company profile

    Биоинженеринг

    • Company introduction:Био Инженеринг Доо е специјализирана компанија за истражување и развој на нови производи, системи и иновативни технологии во областа на екологија и индустриска биотехнологија, која изминатата година ја прошири својата дејност формирајќи Истражувачки центар за применета микробиологија и биотехнологија д-р Кунгуловски. Истражувачкиот центар спроведува молекуларни метагеномски анализи и разрешува најразлични индустриските проблеми, а воедно се занимава и со научно-истражувачка дејност. Анализи кои ги врши истражувачкиот центар: • Микробиолошка контрола на храна • Микробиолошка контрола на вода • Микробиолошка контрола на вино • Микробиолошка контрола на органски ѓубрива, седименти, компост, минерали и др. • Микробиолошка контрола на козметички производи • Тестови од молекуларна биологија • Одредување на токсини • Микробиолошка контрола на садови, прибор и амбалажа за животни намирници, детски играчки, средства за одржување на хигиена во домаќинства, тутунски преработки • Други тестови. Во Центарот се врши изолирање на чисти култури микроорганизми (бактерии, квасци и мувли) и нивно умножување кои понатаму наоѓаат широка примена во системите за третман на комунални и индустриски отпадни води, во традиционалното и органското земјоделско производство како биофертилизатори, стимулатори на растењето, биопестициди, во сточарското производство како пробиотици и пребиотици и др. Био Инженеринг Доо е основана како приватна компанија во 1998 години во Скопје, а изминатата година беше добитник на кофинансирачки грант од Фондот за Иновации и Технолошки развој. Компанијата, исто така, е добитник на неколку национални и интернационални награди за патенти и пронајдоци и претставува редовен партнер-учесник во FP5, FP6, FP7 проекти. Јадрото на компанијата е составено од универзитетски професор (микробиологија и индустриска биотехнологија) и двајца доктори на науки. Тимот со своето богато искуство во земјата и странство може да ви помогне во сите елементи на производствениот технолошки процес, од
    • Contact Person Name:Иван
    • Address:Иван Аговски 7-1
    • Post Code:1000
    • City:Skopje , Macedonia
    • Cell Phone #:070 454569
    • Telephone #:02 3070369



    023070369

    shopping assistance