00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

ОМЕКНУВАЧ НА ВОДА СИМПЛЕКС - CWG_SOFT_VAS


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:ОМЕКНУВАЧ НА ВОДА СИМПЛЕКС - VAS е уред за омекнување вода кој се користи во индустријата и домаќинствата. Водата постојано циркулира во природата. Еден дел од површинската вода испарува и се враќа во форма на врнежи. Поради природната содржина на јаглерод диоксид во атмосферата врнежите стануваат слабо кисели, а со тоа и одличен растворувач. Ваквите врнежи растворуваат супстанции од органско и неорганско потекло и во подлабоките слоеви на земјата. При загревање и поминување на водата низ цевководот минералите присутни во водата (соли на калциум и магнезиум) предизвикуваат таложење на каменецот на ѕидовите на цевките, а со тоа и намалување на дијаметарот на цевките, затнување и намалување на преносот на топлина. Тоа е особено штетно за котлите, болјерите, машините за перење, навлажувачи, апарати за кафе и сл. Таложењето на каменец најефикасно може да се спречи со употреба на омекнувачи на вода кои работат на принципот на јонска размена. Во овие уреди водата поминува низ слој на јонска маса и при тоа на неа се врзуваат јони на Ca и Mg, а нивното место го заземаат јони на Na кои не создаваат талог. Бидејќи после одредена произведена количина омекната вода јонската маса се заситува, потребно е да се регенерира. ОМЕКНУВАЧОТ НА ВОДА-CWG_SOFT_VAS е концепиран така да се состои од една колона во која се одвива процесот на јонска размена до нејзино заситување. Моментот кога започнува регенерацијата се подесува на контролниот вентил FLECK кој го регулира процесот. Контролниот вентил се програмира во зависност од карактеристиките на водата и нејзиниот проток. Времето за регенерација исто така однапред е програмирано на контролниот вентил зависно од барањата на корисникот. Капацитетот на CWG_SOFT_VAS уредите е од 1-15 m3/h, за поголеми капацитети потребно е увид на лице место.
  • Availability:In Stock
  • Seller:CWG Group
  • Place of Origin:Croatia
  • Warranty:1 year
  • Minimum Order Quantity:1
  • company profile

    CWG Group

    • Company introduction:Почитувани посетители, Широкиот спектар на понуда на производи и компоненти кои ги нудиме овозможуваат решенија за секој вид за објект, но исто така даваат можност корисникот да модифицира, промени или ја подобри постојната опрема. CWG групацијата со свои компании во повеќе од 20 земји и дистрибутери во 50 земји е една од најголемите производители/дистрибутери во Европа на апарати и опрема за преработка и обработка на водата. Креираме инсталации, во согласност со буџетот, работењето и одржувањето, имплементирани во согласност со Вашите потреби. Нашето долгогодишно искуство и опрема со докажан квалитет обезбедија висока сигурност. Ние ја превземаме одговорноста за следење на ефектите од имплементација и одржување на опремата, оставајќи клиентот слободно да се концентрира на својата основна работа. Врз основа на нашата експертиза, оптимизацијата на вашите постоечки објекти и процеси ги правиме поефикасни. Тоа е сила што нè прави особено посакуван партнер во третманот на вода. Ориентирани кон клиентите, флексибилни и способни брзо да одговориме на барањата на нашите клиенти, ги прикажуваме на дело проектите со кратко време на испорака и по најконкурентни цени. Со идентификување на слабоста за утрешнината, денес, станавме врска меѓу традиционалните искуства и високата технологија на иднината. Нашата намера е да им понудиме на нашите клиенти имплементација на најнова технологија за третман на вода во индустријата и домаќинствата, зголемување на квалитетот и конкурентноста на нашите клиенти, како и намалување на трошоците за производство на вода. За сите прашања, предлози, совети и консултации Ви стоиме на располагање. Со почит, CWG Group, d.o.o Претставништво за Македонија
    • Contact Person Name:Сашо Пандилов
    • Address:ТЦ Буњаковец сутерен лок.11
    • Post Code:1000
    • City:Skopje , Macedonia
    • Cell Phone #:070231102
    • Telephone #:(02)3163062
    • Fax #:02 3118 698
    • Geo Location:Show



    023163062

    shopping assistance