Veins Doppler
|
- product description
- company profile
product description
Product Description:Доплер на вени претставува една од најбитните неивазивни дијагностички методи која може да утврди постоење на венска тромбоза на нозете и проширување на вените на нозете. И покрај тоа што многу малку е употребувана, нејзините индикации се доста чести имајќи во предвид дека бројот на пациенти со венска инсуфициенција (проширени вени) е многу чест. Ако се земе предвид фактот дека поголемиот број на белодробни емболии кои не се дијагностицирани и третирани потекнуваат од тромби во нозете, јасна е улогата на оваа ритинска метода во рано откривање на венска тромбоза и нејзини правилно лекување.
Се препорачува за пациенти кои имаат видливо проширени вени на нозете, отекување на подколениците, бремени жени во втората половина од бременоста, лица кои се на хемотерапија и лица после оперативни зафати каде постои ризик од развивање на венска тромбоза.
Се препорачува за пациенти кои имаат видливо проширени вени на нозете, отекување на подколениците, бремени жени во втората половина од бременоста, лица кои се на хемотерапија и лица после оперативни зафати каде постои ризик од развивање на венска тромбоза.
Category:Medical Services
Availability:Contact
Seller:Manolevi
company profile
Manolevi
- Company introduction: ПЗУ Поликлиника Манолеви е основана 1993 година од д-р Никола Манолев и д-р Павлина Манолева, регистрирана како ЗО Манолеви – ординација по општа медицина и педијатрија. Во суштина на работењето на организацијата во првата декада е педијатриската дејност, општата медицина (матичната служба) и домашната посета кои претставувани преку нејзините носители д-р Никола Манолев и д-р Павлина Манолева стануваат синоним за висока стручност во областа на дијагностиката и третманот кај детската популација и геријатрија. Фамилијарната посветеност на висока стручност и вербата во лекарската доктрина, а се со единствена цел – да се внесе светската медицина и стручност во рамките на Манолеви, остануваат главни имепративи во работењето на Манолеви, претставувано преку нејзините наследници д-р Елена Манолева-Николовска и д-р Александар Манолев. Во изминатата декада Манолеви ја проширија својата дејност со биохемиска лабораториска пракса и специјалистичка ординација по интерна медицина, кои заедно со надополнетата услуга во домашната пракса (ехо-дијагностика, лабораториски услуги, дијагностика и третман на сите ургентни заболувања), претставуваат комплетна лекарска здравствена заштита на секое семејство.
- Contact Person Name:Александар
- Address:Радишанска 25А/1 лок.123
- Post Code:1000
- City:Skopje , Macedonia
- Cell Phone #:071 244914
- Telephone #:02 2670680
- Fax #:02 2610610
- Geo Location:Show