00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Biochemical Laboratory - diagnosis


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description: - Биохемиска Лабораторија ”Манолеви” располага со најсовремена апаратура и дијагностички тестови кои овозможуваат брза и прецизна дијагностика. Со оглед на фактот дека Лабораторијата е во склоп на Поликлиничкиот Центар сите итни случаи добиваат брзи лабораториски наоди кои понатаму овозможуваат брза дијагноза и третман. Ваквата услуга посебно доаѓа до израз во Педијатријата. - Од 2007 год Лабораторијата има склучено договор со фондот преку кој поголемиот дел од лабораториските анализи се наплатуваат со син картон. Ваквата услуга е достапна за сите пациенти, како матични така и нематични пациенти. - Покрај амбулантската услуга, лабораториските испитувања се достапни и за оние пациенти кои имаат потреба од земање на анализи во домашни услови, посебно кај старите неподвижни лица, пацинтите со прележан мозочен удар, срцеви болни, лица со потребни лабораториски испитувања после оперативни третмани и останати. Ваквата услуга е достапна преку домашната посета. - Лабораторијата овозможува анализа на хормони, туморски маркери и микробиолошки испитувања (брис од нос и грло, уринокултура, брис од очи, спермокултура) кои се испитуваат во Специјалистичка – дијагностичка лабораторија Авицена.
  • Seller:Manolevi
  • company profile

    Manolevi

    • Company introduction: ПЗУ Поликлиника Манолеви е основана 1993 година од д-р Никола Манолев и д-р Павлина Манолева, регистрирана како ЗО Манолеви – ординација по општа медицина и педијатрија. Во суштина на работењето на организацијата во првата декада е педијатриската дејност, општата медицина (матичната служба) и домашната посета кои претставувани преку нејзините носители д-р Никола Манолев и д-р Павлина Манолева стануваат синоним за висока стручност во областа на дијагностиката и третманот кај детската популација и геријатрија. Фамилијарната посветеност на висока стручност и вербата во лекарската доктрина, а се со единствена цел – да се внесе светската медицина и стручност во рамките на Манолеви, остануваат главни имепративи во работењето на Манолеви, претставувано преку нејзините наследници д-р Елена Манолева-Николовска и д-р Александар Манолев. Во изминатата декада Манолеви ја проширија својата дејност со биохемиска лабораториска пракса и специјалистичка ординација по интерна медицина, кои заедно со надополнетата услуга во домашната пракса (ехо-дијагностика, лабораториски услуги, дијагностика и третман на сите ургентни заболувања), претставуваат комплетна лекарска здравствена заштита на секое семејство.
    • Contact Person Name:Александар
    • Address:Радишанска 25А/1 лок.123
    • Post Code:1000
    • City:Skopje , Macedonia
    • Cell Phone #:071 244914
    • Telephone #:02 2670680
    • Fax #:02 2610610
    • Geo Location:Show



    022670680

    shopping assistance