24-h EKG-Holter
|
- product description
- company profile
product description
Product Description:24-ЧАСОВЕН ЕКГ – ХОЛТЕР МОНИТОРИНГ 24-часовен ЕКГ - Холтер мониторинг е континуиран електрокардиограм (ЕКГ), направен за време на вашите вообичаени дневни активности. Тоа е едноставна безболна процедура. Електродите поставени на градниот кош ги пренесуваат сигналите од вашето срце до рекордерот (апаратчето). Потоа снименото ке се аналаизира од страна на вашиот доктор. И додека "обичниот" ЕКГ, снима само 0.25% од работата на срцето, ЕКГ-Холтер ги СНИМА сите активности на срцето. Ако ПАЦИЕНТОТ има одредени тегоби или симптоми, истовремено ќе се регистрираат и промени на ЕКГ. ЗАПОМНЕТЕ!! Слободно вршете ги активностите кои се дозволени: секакви движења, работа, качување по скали, јадење, спиење и слично. Забележете ако имате градна болка,гушење, срцебиење, "прескокнување" на срцето,вртоглавица, краток здив, гадење, страв итн. Регистрирајте ги симптомите кога тие ќе се појават, притискајќи на едно копче, за кое ќе добиете детални инструкции. Не влечете ги електодите од кожата. Не играјте си со рекордерот. Држете ги електродите и мониторот суви (Не се туширајте или бањајте, не одете на пливање). Што да правам со апаратот ЕКГ-Холтер?? Рекордерот вообичаено не интерферира со вообичаените дневни рутински активности. Има само неколку рестрикции за време на носењето на рекордерот. Секако, вие нема да си "играте" со жиците, електродите, ниту со рекордерот. Не смеете да се туширате или бањате за време на носењето на апаратот, нити да ги оставате електродите или рекордерот влажни. Ако го носите апаратот за време на ноќта, не смеете да користите електрично ќебе, бидејќи може да интерферира со апаратаот. Кога времето за мониторинг завршува, Вие се враќате во ординацијата на докторот. Таму ќе го извадат апаратот од вас, и ќе им го предате Вашиот дневник. Потоа следува процес на снимање, преку софистициран програм , посебно инсталиран во комјутерот, за таа намена. После анализа на податоците се добива извештај за регистрирани неправилности во ритамот на срцето, како и некои карактеристични записи на ЕКГ-то. Вашиот доктор ке ги анализира, а може и да ги компарира со предходните резултати од вашата историја на болеста. На тој начин, докторот може да направи точна дијагноза за вашата состојба, и да даде најдобар можен третман.
Category:Medical Equipment
Seller:Vasileva Kardio
company profile
Vasileva Kardio
- Company introduction:Specialized institution of internal medicine with cardiology "Vasileva Cardio" is a new facility located just opposite the Danish embassy.
- Contact Person Name:Андоновска Белинда
- Address:Васил Ѓоргов 34-1/1
- Post Code:1000
- City:Skopje , Macedonia
- Cell Phone #:071 37 0031
- Telephone #:023080666
- Year registered:2008
- Total employees:5
- Geo Location:Show