Company introduction:Елколект е лиценциран колективен постапувач, кој поседува дозвола за постапување со отпадна електрична и електронска опрема, издадена на 9 март 2015 година со број 11-461/6 и дозвола за постапување со отпадни батерии и акумулатори, издадена на 4 ноември 2015 со број 11-5661/5, издадени од Министерство за животна средина и просторно планирање.
Примарна дејност на Елколект е управување со отпад од електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори. Основна цел на компанијата е да воспостави функционален систем за постапување со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори на начин кој нема да создава дополнителен терет на животната средина и животот и здравјето на граѓаните на Република Македонија.
Дејности: управување со електронски отпад, отпадни батерии и акумулатори, рециклирање - батерии и акумулатори, отпадна електрична и електронска опрема