00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Квадкоптер со вградена HD камера и две смарт батерии- XPLORER V


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Дронот претставува интересна играчка, но доколку е дрон со HD камера, тоа повеќе не е само играчка. Светот е буквално под вашите нозе со Xiro Xplorer V. Овој прекрасен дрон со камера не само што има неодолив изглед, исто така овозможува неограничени можности. Благодарение на камерата која е поставена на гимбал за стабилизација со 3 оски, имате можност да правите слики и видеа со висок квалитет од висина. Стабилни и чисти слики на било кое место кое го сакате. Се може да се стримува во живо на вашиот паметен телефон така што ќе можете да гледате во прво лице. Возбудени? Ние сме!
    Полетувањето со Xplorer V можете да го направите со притискање на само едно копче, и слетувањето исто така. Со ова летањето на овој дрон значително се олеснува. Можете да одберете еден од трите пре-програмирани модови на летање на различни нивоа од кои првото е за почетници со ограничување во брзината, висината и растојанието. На третото ниво нема никакви ограничувања и леталото може да достигне брзина до 54km на час. Со интегриран систем за глобално позиционирање можете во секое време да го вратите дронот или да го слетате на зададената позиција. Доколку конекцијата помеѓу квадкоптерот и далечинското се изгуби, Xplorer V се враќа автоматски на почетната позиција.
    Со овој квадкоптер добивате екстремно напредно и прецизно далечинско. Доколку ја инсталирате Xiro апликацијата на вашиот паметен телефон (Android, iOS) и го поставите телефонот на далечинското на соодветниот држач, нема да можете да поверувате што ќе добиете. Се што снима камерата ќе можете да го гледате во прво лице на дисплејот од телефонот. Можете да ја контролирате камерата, да одредите патека на движење или да ја активирате функцијата Следи ме која овозможува дронот да ве следи.
    Камерата која е поставена на Xplorer V може да снима видео материјал со резолуција од 1080x720, додека квалитетот на сликите е 14MP. Одлично, блиску до професионален квалитет. Комплетот вклучува микроSD картичка од 8GB на која може да ги зачувувате снимките и сликите. Доколку сакате се, директно на вашиот паметен телефон и тоа е возможно преку WiFi комуникација. Благодарение на вградениот засилувач на сигнал, максималното растојание помеѓу далечинското и леталото достигнува 500 метри.
    Xplorer V има батерија со капацитет од 5200mAh која овозможува автономија на летање до 25 минути. Полнењето на батеријата е едноставно и брзо со помош на полначот кој за 90 минути целосно ја полни батеријата. Батеријата на квадкоптерот и далечинското можат да се полнат во исто време. Заштитата на батеријата е прилично добра така што оштетувањата при пад се минимални. Бидејќи Xplorer V е составен од мал број на делови кои може да се извадат, шансите за оштетување на истите се мали. Исто така брзо се склопува, така што можете да летате веднаш штом ќе го добиете пакувањето.
  • Availability:Contact
  • company profile

    Loging Elektroniks

    • Contact Person Name:Продажба
    • Address:Народен Фронт 19-А-1/6
    • Post Code:1000
    • City:Skopje , Macedonia
    • Telephone #:02 3127 345
    • Fax #:02 3244 705
    • Geo Location:Show



    023127345

    shopping assistance