00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

RAUTITAN - home plumbing system


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Благодарение на своето Know-how, докажано со децении, фирмата РЕХАУ во својата лабораторија го разви висококвалитетен систем за водоводни инсталации РАУТИТАН, кој нуди хигиена, безбедност и сигурност. Систем кој веќе денес ги исполнува нормите за хигиена и сигурност, кои ќе дојдат во иднина.

    Хигиената на водата за пиење, а поради тоа и изборот на материјали низ кои таа ќе тече од секогаш се една од главните теми во РЕХАУ. Водата за пиење за нас има бесценета вредност. Водата е чиста и погодна за конзумирање, само ако не содржи микроорганизми, материи од било кој вид, и мирис попримен од материјалот на цевката низ кој минува водата во број и концентрација кои претставувааат потенцијална опасност по здравјето на луѓето. Цевките и системот РАУТИТАН цеолсно се изработени од материјал со висок капацитет, PE-Xa. Притоа станува збор за подобрена форма на полиетиленот, која веќе долго време се грижи на пример млекото во тетратпак да остане свежо, неутрално по вкус и да може хигиенски чисто да се транспортира и пакува. За разлика од на пр. металните цевки, водоводнита цевка произведена од PE-Xa не е подложна на создавање на бигор и корозија и ја задржува чистотата на водата. Таа отпорна на најагресивните видови на вода и со тоа обезбедува трајна водоводна инсталација во домот, без ризик за нагризување на цевките.
    Важен придонес сигурност на системот РАУТИТАН дава и докажаната техника за поврзување со подвижни навлаки. Овој едноставен, а притоа генијален принцип овозможува брза и истовремено сигурна инсталација на лице место. И не само тоа. Системот ќе биде нов и кога ќе застари. Не постои опасност дека некдаде ќе “протече’’. РАУТИТАН е систем -инсталација која држи цел живот. Со цел, оваа сигурност да ви се пружи вам и на вашиот инсталатер, кај РЕХАУ секој поединечен производ подлежи на строга контрола на квалитетот – од најмалиот до најголемиот дел. Од таа причина повеќе од милијарда компоненти ги поминале овие строги испитувања.
    Сакате да се потпрете на сигурниот и издржливиот систем РАУТИТАН, а со тоа да обезбедите хигиена и комфор? Во тој случај веднаш треба да стапите во контакт нашите авторизирани партнери, кои имаат добиено соодветна обука, сертификат и алата за монтажа.

    РАУТИТАН е систем и за денес и за утре, бидејќи не само што веќе сега ги исполнува хигиенските стандарди на иднината, туку нуди и сигурност од непријатни изненадувања.
    Со очекуван век на траење од повеќе од 50 години една инсталација за вода за пиење со РАУТИТАН е вистинска инвестиција за иднината.

    Најдобар материјал за најдобра вода за пиење
  • Availability:Contact
  • Seller:Rehau
  • company profile

    Rehau

    • Company introduction:Бизнис-полето ГРАДБАво РЕХАУ е носечки столб на глобалниот преработувач на полимери РЕХАУ. Стручното знаење од трите бизнис-полиња градежништво, автомобилска индустрија и индустрија РЕХАУ го интегрира доследно, со цел на ниво на производи, консалтинг и услуги со помош на иновации и целосно развиени системи да ја зајакне лидерската позиција во светот. РЕХАУ ГРАДБА нуди современи и уникатни решенија за енергетски-ефикасна градба - од приватни куќи, преку згради, па се до индустриски, трговски и административни згради. Притоа, во фокусот се иновативни и напредни решенија за енергетски-ефикасна градба и санација како и управување со води. Околу 15000 вработени од целиот свет се стремат за развој и успех на РЕХАУ. На 170 локации во светот, фамилијарната фирма се обидува да им се приближи на муштериите и на пазорот
    • Contact Person Name:Рехау
    • Address:Борис Трајковски 7 б.б. (Првомајска)
    • City:Skopje , Macedonia
    • Telephone #:022402670
    • Geo Location:Show



    022402670

    shopping assistance