00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Вила "Адора" - Црниче Скопје


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:АПРАТМАНИ ЗА ПРОДАЖБА И ИЗНАЈМУВАЊЕ
    Во резиденцијалната елитна вила „Адора“ Црниче-Скопје, има слободни за продажба или изнајмување, уште два ( 2 ) апартмани, со поединечна површина од 82 m².
    Двата апартмани се во ист објект, еден е на први кат, а другиот е на втори кат, двата имаат јужна ориентација, со отворен поглед кон зелените падини на Водно.
    Апартманите располагаат со комотен дневен престој, кујна и трпезарија, две слапни соби, две бањи и тераса од 7 m². Тие се комплетно, модерно опремени, со обезбеден приватен паркинг простор и сопствен лифт до домот.
    Дополнителна вредност на вилата „Адора“ е нејзината близина до централното урбано подрачје на Скопје од една страна и сопствената околна густа парк шума која се протега на 6.500 m², од друга страна. Оваа ретка зелена оаза во метрополата нуди идеален спој на спокојно, урбано живеење далеку од градската врева, лесно секојдневно функционирање на само 3 минути возење од центарот на Скопје и одлични услови за рекреација и релаксација во чиста природа.

    Резиденцијалната вила „Адора“ e на атрактивна локација, на само 3 минути возење од централната зона на Скопје, во елитната населба Црниче, под зелените падини на Водно, со прекрасен панорамски поглед кон главниот град. Објектот има два посебни влеза, две станбени целини и две дворни места, лоциран над црквата Света Петка, опкружен со сопствена парк шума од 6.500 м². Апартманите нудат идеални услови за интимно домување на чист воздух, во пријатен амбиент, далеку од градската врева, со лесна и брза достапност на урбаниот живот во централната зона на Скопје.
    Објектот на приземје, два ката и поткровје, располага со два ( 2 ) слободни, комфорни, модерни апартмани од 83 m², комплетно опремени, за продавање и изнајмување.
    Апартманите, опколени со живописна цветна градина и густ зелен еко појас, нудат уникатен спој на урбан стил на живеење во близина на строгиот центар на Скопје и мирно, пријатно, релаксирано домување, со 10 ˚C пониска температура од скопските жештини, во лето. Апартманите во вилата „Адора“ во Црниче-Скопје се погодни за лесно секојдневно функционирање за вработени, ученици и студенти, како и за одмор, прошетки и рекреација во една од ретките чисти, зелени, природни урбани оази во метрополата, надвор од стресното секојдневие.
    Локација: ул. Благоја Гојан бр. 13 Кисела Вода – Скопје

    ВИСОК КВАЛИТЕТ · СТАБИЛНОСТ · ЗДРАВО И РЕЛАКСИРАНО ДОМУВАЊЕ
    Врвна геомеханичка и сеизмичка стабилност докажана со вештачки земјотрес, за безбедност и спокоен сон на станарите.
    Енергетски ефикасен објект со одлична термичка и звучна изолација.
    Модерна, иновативна, стаклена фасада со изобилство на природна светлина.
    Прекрасен отворен панорамски поглед од каде Скопје се гледа како на дланка.
    Поглед кон зелените падини на Водно со изобилство на чист и свеж воздух.
    Идеални услови за лесно и функционално, урбано домување, со добра инфраструктура.
    Два засебни влеза во две станбени целини, со сопствени дворни места и модерни лифтови.
    Пространи, функционални, комплетно опремени апартмани за комфорно, модерно, интимно домување.
    Сопствени подземни и партер паркиралишта.
    Ограден објект со контролиран влез, современи безбедносни системи и видео надзор.
    Хортикултурно уредена околина со цветна градина и зелена шума од 6.500 m².
    Под падините на Водно, нуди релаксирано домување, со одлични можности за рекреација во чиста, зелена, природна средина во централното подрачје на Скопје.
  • Availability:Contact
  • company profile

    Adora Engineering

    • Company introduction:Адора инженеринг е специјализирана компанија, лиценцирана и меѓународно сертифицирана за проектирање, изведба и продажба на сите категории на висока градба, што е нејзина основна дејност. Развивајќи и потврдувајќи се под мотото „Само делата се вистина“ од основањето на 28-ми август 2002-ра година, за 14 години компанијата изгради преку 30 станбено-деловни објекти во Македонија со 2.600 елитни станови во Скопје, Охрид и Струмица, 200 ексклузивни деловни простории, 3.000 модерни паркиралишта, базени и вредни и корисни донации за заедницата. Целосно во функција на купувачите, Адора инженеринг по принципиот „клуч на рака“, во договорениот рок им нуди СÈ НА ЕДНО МЕСТО: инвестирање, проектирање, изведување, продажба, квалитет, стабилност, енергетска ефикасност, дом по сопствена мерка, заштита на животната средина и општествена одговорност. Компанијата што започна со само двајца, сега има околу 400 вработени, предводени од менаџерскиот тим со тројца доктори на науки, 10-тина магистри и магистранти од повеќе области кои се доедуцираат со помош на компанијата, 20-тина високообразовани стручни кадри со богато искуство, кои со вредните градежни работници и потврдените мајстори, неимари се од суштинска важност за успехот на Адора инженеринг. Во 14 годишното постоење Адора инженеринг се позиционира на врвното лидерско место како најуспешна компанија во градежниот сектор-високата градба во Македонија и регионот, најголем инвеститор и градител на станови со удел од 20 % во високоградбата во Македонија. Пет години континуирано, Централниот Регистар на Р. М. ( 2010-2014 ) ја рангира меѓу 5-те најуспешни и најбрзорастечки компании во Македонија. Во 2015-та година компанијата имаше инвестиции од 50 милиони евра и со раст на производството од 400 %, оствари за 4 пати поголема изградба на станови во однос на просекот од претходните 12 години. Овој потврден градежен бренд досега има изградено вкупно 156.000 м² станбена површина, каде може да се смести еден цел град со 10.000 жители. Компанијата како пионер во сите области
    • Contact Person Name:Драгана Чифлиганец
    • Address:Орце Николов 182-а
    • Post Code:1000
    • City:Skopje , Macedonia
    • Telephone #:00 389 (0) 2 3093200
    • Fax #:00 389 (0) 2 3093908
    • Year registered:2002
    • Total employees:200
    • Geo Location:Show



    023093200

    shopping assistance