00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Регистрација На Возила


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Програм за комплетно работење од областа на Регистрација на Возила.

    Програмот Регистрација на Возила опфаќа голем број извештаи, шифрарници, ценовници на услуги, сите потребни документи при регистрација на возило како и други услуги (Зелен картон, ДТВ Дозвола за туѓо возило, МВД -Меѓународна возачка дозвола, Полиси за осигурување, Членство, Хомологација, Пробни регистарски таблици и друго). Програмот регистрација на возила е наменет за неограничен број на фирми. Пристапот до податоците и функциите на апликацијата е ограничен во зависност од привилегијата на корисникот. Програмот регистрација на возила може да работи самостојно или во склоп на интегриран систем со други програми и пакети. (Финансово Работење, Фактурирање од регистрација на возила...). Програмот за Регистрација на Возила е во корелација со програмот Технички Преглед. Програмот регистрација на возила поддржува мрежно работење (повеќе корисници на различни машини со централизирани податоци).

    Дозвола За Туѓо Возило - ДТВ
    Апликацијата Дозвола за туѓо возило е наменет за изработка на ДТВ со повлекување на податоци од Регистрација на Возила и стварање на евиденција за малопродажба со фискализација и сите пропратни документи за евиденција, контрола и пресметки.

    Меѓународна Возачка Дозвола - МВД
    Меѓународна возачка дозвола, наменет за изработка на МВД. Апликацијата Мегународна возачка дозвола повлекува податоци од Регистрација на Возила и ствара евиденција за малопродажба со фискален принтер и сите потребни документи за евиденција, контрола и пресметки во работењето. МВД може да се издаде иако нема поврзаност со регистрацијата на возила.

    Хомологација
    Хомологација како дел од услугите на програмот регистрација на возила е наменет за изработка на сите потребни документи за Хомологација на возилата. Податоците автоматски се достапни на другите модули за Регистрација на возила и Записник за Технички Преглед, па не е потребно повторно да се внесуваат.

    Програмот за Регистрација На Возила, за разлика од останатите деловни решенија, во себе содржи други категории на шифрарници заради својата специфичност. Така во него можат да се видат шифрарниците за:

    Лица (сопственици на возила), Коминтенти (сопственици на возила), Возила, Типови на возила, Видови возила, Намена на возило, Бои, Номенклатури, Привилегии за лица, Привилегии за коминтенти, Нефискален тип на плаќање (Вирман-Фактура), Договор за лица, Договор за правни лица, Административни забрани...
  • Availability:Contact
  • company profile

    Бланк Софтвер

    • Company introduction:Бланк e компанија која врши изработка и одржување на апликативен софтвер како и имплементација на истиот. Покрај софтверот што е веќе готов (комплетни решенија за комерцијална-финансиска евиденција, поединечни, мрежни и поврзани меѓу себе - по желба на корисникот), правиме и софтвер по порачка спрема потребите на нарачателот. Во функција на подршка на инсталираниот апликативен софтвер се и нашите договори за одржување на истиот по истекот на гаранцискиот рок. Вршиме комплетен компјутерски инженеринг, со тоа што, во нашата работа и изведба се вклучени и реномирани надворешни фирми и соработници. Услуги: • Информациски инжинеринг • Изработка на апликативен софтвер • Изведба и одржување на мрежи • Продажба на опрема и периферни елементи • Продажба на лиценциран софтвер од Microsoft Непобитен факт, е тоа што од своето создавање Бланк нема ниту еден клиент кој ги откажал нашите услуги. Тоа е последица на адекватните програмски апликативни решенија, одржувањето на софтверот, следење на законските норми и прописи, адекватен и навремен одговор за секој проблем и што е многу важно, достапност за секој вид поддршка во тек на цело работно време, а по потреба и вон работното време (поврзана со нашето работење и специфицирано со договор).
    • Contact Person Name:Бланк Софтвер
    • Address:Борка Талевски 26/2-9
    • Post Code:1000
    • City:Skopje , Macedonia
    • Telephone #:02 2467539



    022467539

    shopping assistance