00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Универзален емајл за дрво и метал AQUAMAX Wood & Metal Paint


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:AQUAMAX Wood & Metal Paint е еколошки, високо квалитетен универзален емајл за дрво и метал, на база на водена дисперзија на акрилатот. Се одликува со исклучителна белина, со постојаност (не жолти), има одлична покривна моќ, отпорен е на атмосферските влијанија и на УВ зрачења. Наменет е за заштита и декорација на надворешни и внатрешни дрвени површини и метални површини во ентериерите. Практично е без мирис. Се произведува во бела боја во висок сјај, полусјај и мат. Може да се нијансира на MAXIMIX системот.

    Дрвената површина мора да биде: чиста, сува, цврста и избрусена. Пред првото боење, надворешните површини како и површините кои се наоѓаат во затворен простор, во кој се престојува подолго време, да се заштитат со средството AQUAMAX Impregnant. Старите, добро очувани премази доволно е само претходно да се избрусат со фина брусна хартија. Лошо прифатените премази во потполност да се одстранат. Нерамнините на дрвото да се пополнат со AQUAMAX-ом Wood Filler. Пред нанесување на емајлот, на подготвените дрвени површини, се нанесува основна боја AQUAMAX Wood Primer. Пред нанесување на метални површини, задолжително се нанесува антикорозивен основен премаз AQUAMAX Metal Primer, се во согласност со препораките и упатствата на произведителот. Нанесувањето на AQUAMAX Wood & Metal Paint, се врши во два слоја. Пришто бојата може да се разреди со вода до 10% ако се употребува четка или ваљак (до 20%, доколку се нанесува со машина за прскање). Покривноста на бојата опаѓа со разредувањето. Вториот слој се нанесува по 6 часа, односно на претхдоно исушениот премаз. Исушената боја не поседува мирис. По употребата, алатот веднаш да се испере со вода.
  • company profile

    Смарт колор

    • Company introduction:Смарт колор е компанија чија основна дејност е трговија со бои и лакови, лепила и други производи за завршни работи во градежништвото, како и потребниот молерофарбарски алат. „Смарт колор“ е модерна трговска фирма која работи по светски стандарди. Фирмата е основана во 2004 год. Вработените во оваа фирма го негуваат современиот начин на работа, што подразбира врвен квалитет и знаења со што им се приближува на сé побројните купувачи и партнери. Ваквиот поволен однос помеѓу квалитетот и цените се постигнува со стабилни релации помеѓу добавувачите како и со воспоставување взаемна доверба помеѓу вработените и купувачите. Сите оние кои го имале задоволството да купуваат во нашата продавница виделе дека освен бои, лакови, четки и друг алат и опрема, можат да сметаат на асистенцијата и љубезноста на едуцираните продавачи како и на ниските цени. Истовремено, нашиот тим ќе ви понуди совети, идејни решенија и помош при донесувањето на одлуките, упатства за аплицирањето на производите како и помош и решенија при евентуалните проблеми кои се појавуваат во домот: влага, мувла, чад итн. Идејни решенија Нашиот тим ќе ви понуди совети, идејни решенија и помош при донесувањето на одлуките. Помош и упатства Даваме упатства и решенија при евентуалните проблеми кои се појавуваат во домот: влага, мувла, чад итн. Компјутерско нијансирање На секој молер и заинтересиран купувач му излегуваме во пресрет лесно и брзо да дојде до саканата нијанса. База на податоци Создадовме сопствена база на податоци во која се запишани сите компјутерско нијансирани бои и која се активира секогаш кога тоа ќе им притреба на нашите клиенти. Врвен квалитет и знаење Во нашата фирма го негуваме современиот начин на работа со што им се приближуваме на сé побројните купувачи и партнери. Едукација на вработените Постојана едукација на вработените овозможва постојано следењ на еколошките стандард и новите технолошки истражувања актуелни во светот. ПАРТНЕРИ Соработуваме со докажани производители од Европа, како и со п
    • Contact Person Name:Смарт колор
    • Address:Антон Попов б.б. (Огњан Прица)
    • City:Skopje , Macedonia
    • Cell Phone #:075 428407
    • Telephone #:02 3113889
    • Fax #:02 3113889



    023113889

    shopping assistance