00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Електронско архивирање (Е-архива)


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Концептот на електронското архивирање, Е-Архива, претставува интегриран систем кој овозможува лесен и брз пристап до вашата електронска документација и до скенираната физичка документација. Со тоа добивате можност за навремено информирање и брзо носење на деловни одлуки. Нашиот систем овозможува електронско чување на документи од различен тип и формат (скенирани документи, електронски датотеки, електронска пошта, звучни записи, фотографии, работни процеси и сл.) Пристапот до Е-Архивата е овозможен преку Интернет пребарувач, така што не е потребна инсталација на софтвер на вашиот персонален компјутер. Пребарувањето на документите се врши за само неколку секунди од било кој компјутер. Концепт Е-Архива е софтверска алатка, базирана на професионално дизајнирана база на податоци – архива, која е сместена на бизнис сервери и дозволува комплетна флексибилност во дефинирање на пристапот до документите. На многу едноставен начин може да одредите кој дел од вашата организација ќе има пристап до одредени документи.Документите се заштитени од неовластен пристап, менување или печатење. Корисникот, во зависност од своите привилегии за пристап може да прегледа, копира, испраќа или да печати документ. Е-Архивата на ИНБОХ е развиена во согласност со законските прописи за канцелариско и архивско работење. На тој начин, самиот софтвер води евиденција за категоријата и функционалната важност на секој документ посебно, со што се овозможува едноставна селекција и отстранување на документите на кои им е поминат рокот за чување, а со тоа и намалување на трошокот за архивирање. Сите информации се чуваат на 2 различни локации раздалечени најмалку 100 км.
  • Seller:Inbox
  • company profile

    Inbox

    • Company introduction:Инбох е компанија за физичко и електронско архивирање на деловна и техничка документација. Вистински професњионалец во својата област кој претставува синоним за заштита на ИНТЕГРИТЕТОТ НА ДОКУМЕНТОТ според неговата законска и функционална важност. Од моментот на превземање на документот, траснпортот, администрирањето, употребата, па сѐ до неговото уништување, е гарантиран интегритетот на документот.
    • Contact Person Name:Драгица Додевска
    • Address:Ул. 32 бр.9 Индустриска зона Илинден
    • City:Skopje , Macedonia
    • Telephone #:00 389 (0)2 2580 100
    • Year registered:2011
    • Geo Location:Show



    022580100

    shopping assistance