00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

SENSILIS® FOOT CARE колекција за нега на стапала


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:-Широка палета на производи за нега и заштита на стапала
    чие дејство се должи на моќните природни компоненти:
    масло од чајно дрво, лаванда и розмарин и билните
    екстракти од нане, камилица, бадем и маслинка.
    Ги освежуваат уморните нозе, имаат благо антисептично
    дејство, со што помагаат при спречување на развој на
    бактерии и габи а со тоа и појава на непријатна миризба
    при прекумерно потење. Ја омекнуваат сувата, испукана
    и задебелна кожа на стапалата. Овозможуваат
    интензивна нега и хидратација за чувствителната
    кожа.

    -Производи за брзо и лесно отстранување на жуљеви,
    волчји очи и брадавици, кои се базираат на моќта
    на салицилната киселина која го отстранува заболеното
    ткиво и заштитното дејство на ланолинот и
    пчелиниот восок кои притоа го заштитуваат
    здравото околно ткиво.

    Производи:
    -SENSILIS® FOOT CARE пудра против потење на стапала
    -SENSILIS® FООT CARE лосион за дезодорирање на стапала
    -SENSILIS® FООT CARE крема за интензивна нега на стапала
    -SENSILIS® FООT CARE гел за ладење
    -SENSILIS® FООT CARE крема за суви и испукани пети
    -SENSILIS® FOOT CARE Петадерм маст за груба и здебелена кожа на стапала
    -SENSILIS® FООT CARE гел против потење на стапала
    -SENSILIS® FООT CARE Салекс фластери за отстранување на жуљеви и волчји очи
    -SENSILIS® FООT CARE Салекс колодиум за отстранување на жуљеви, волчји очи и брадавици
  • Seller:Galafarm
  • Place of Origin:Macedonia
  • company profile

    Galafarm

    • Company introduction:ГАЛАФАРМ е македонска фармацевтска компанија чија основна дејност е производство и продажба на фармацевтски и козметички производи. Лоцирана е на производствена површина од 2500м², и опремена со современа технологија, и производство во чиста средина се со цел да се овозможи најдобар квалитет за нашите производи. Сите производствени процеси се надгледувани од високо едуцирани луге кои секојдневно го применуваат своето знаење и искуство. Креиравме бизнис ориентиран кон потрошувачот и поседуваме ISO 9001:2008 сертификат од 2003 година.Компанијата е изградена, дизајнирана, и опремена во согласност со барањата на Добрата Производствена Практика водич што ги утврдува аспектите на производство што би влијаеле на квалитетот на производот. Нашата компанија е фокусирана и на странските пазари и моментално врши извоз на производи во многу соседни и подалечни земји. Во 2003 Галафарм се прошири и надвор од границите на Македонија со отварање на нова компанија со сопствено складиште во соседната земја Србија. Денес Галафарм ДОО Белград е успешна компанија со повеќе вработени. Галафарм е подготвен за партнерства и нови можности за нашите производи во странски пазари. Македонија се наоѓа во центарот на Европа и нејзината положба ја прави идеален транзит и дистибиционен центар за производи на Европскиот пазар. Географската близина на овие пазари дозволува ниски дистрибутивни трошоци и навремена испорака од Македонија. Галафарм ги извезува своите производи во следниве земји: Црна Гора, Словенија, Бугарија, Албанија, Косово, Хонг Конг. За овие земји Галафарм има ексклузивни застапници кои ги дистрибуираат производите на овие пазари.
    • Contact Person Name:Сектор Маркетинг и продажба
    • Address:ул.51 бр.23, Стопански двор, с.Волково
    • Post Code:1000
    • City:Skopje , Macedonia
    • Telephone #:022050800
    • Fax #:0202 2050989
    • Geo Location:Show



    022050800

    shopping assistance