00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

„Hot stone“ масажи

„Hot stone“ масажи

Цената е со вклучен ДДВ
1.200 MKD

  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Масажата со топли вулкански камења е добро позната во целиот свет. Таа е масажа со богата историја и традиција. Природно измазнетите камења со вулканско потекло се употребуваат како помагала во масажата. Нивната топлина овозможува максимално опуштање. Комбинацијата со лековити етерични масла ја забрзува циркулацијата, ги опушта напнатите мускули и тетиви, го подобрува метаболизмот и ја стимулира детоксикацијата. Топлите, базалтни камења можеме да ги употребиме така што со нив го масираме клиентот, но истовремено и да ги позиционираме на избрани точки од телото (тригер точки, чакри, акупресурни точки итн.). При употреба на геотермалните камења, чија што топлина продира длабоко во телото, се ослободуваат хемиски материи (ендорфини) во телото, кои позитивно влијаат на нашиот организам и расположение. Топлината од камењата ја подобрува циркулацијата, ги размекнува тврдите ткива и напнати мускули, со што се подобрува подвижноста во зглобовите. Главното дејство на оваа масажа е детоксикација на организмот, како и релаксација и опуштање. Ефикасно средство е за ослободување од секојдневната напнатост и стресот.
    Масажата представува единствено поврзување со природата. Ни нуди убавина и духовност, на кои многу често забораваме. Станува збор за масажа која ги лекува телото, умот и душата и истовремено не прави свесни за своето битие. Можеме и да ја споредиме со состојбата на духот во длабока медитација. За време на масажата странката има чувство на лебдење, состојба меѓу будност и сон. Масажата со топли вулкански камења е слична на некои масажи, особено на класичната масажа, со таа разлика што масерот освен своите раце ги употребува и топлите камења. Употребата на топлите камења создава чувство на опуштеност и топлина, при што ги загреваме деловите од телото кои ги масираме (мускули и зглобови), но и се подобрува циркулацијата и телото се ослободува од токсините.
    „HOT STONE“ масажата претставува масажа во која употребуваме сет од 54 загреани вулкански камења, кои со својата топлина ги овозможуваат сите ефекти на масажата.

    Цена за 60/75/90: 1200/1500/1800 ден.
  • Availability:Contact
  • company profile

    Studio Alternativa

    • Company introduction:СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е студио за масажи, мануелна терапија и едукација. Студио, кое ви нуди алтернатива и алтернативен начин на помош. На едно место ќе најдете високо квалитетна услуга, пред се професионална и стручна помош, како и можност за едукација. Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на врвните услуги, висококвалитетни масажи и техники по европски и светски стандарди. Кај нас масажата е повеќе од допир, повеќе од релаксација, повеќе од површина. Кај нас станува збор за длабочина, стручност, професионалност и квалитет. Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на вековните традиции од истокот и западот. Ви нудиме: Класична - шведска масажа, Туи-на кинеска масажа, Рефлексотерапија – рефлексна масажа на стапалата и дланките, Хавајска масажа - ломи ломи, Масажа со топли вулкански камења, Спортска масажа, Лимфна дренажа, Антицелулитни масажи, Терапевтска- медицинска масажа, Масажа на под/источни техники, Бовнова терапија, Kineziotaping и др. Кај нас ќе најдете и можност за едукација. Едукација, која во облик на курсеви ќе ви помогне во вашата професионална определба. Курсевите се наменети за сите оние кои сакаат да се едуцираат за профилот – МАСЕР/МАСЕРКА и сакаат да се научат ПРОФЕСИОНАЛНА МАСАЖА. СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е под водство и управување на: ДЕЈАН ЃОРЃИЕВСКИ, мануелен терапевт, терапевт за бовнова терапија, рефлексотерапевт и НПК масер, роден во Скопје. Уште за време на студиите по медицина го привлекувале алтернативните методи на лекување и помош. Својата едукација и надградба на подрачјето на мануелни техники и масажи ја има здобиено во Р.Словенија, во школата за масери и терапевти ХИГЕЈА, каде и денес учествува во едукацијата на идните масери и терапевти во Р.Словенија, како предавач на различни техники. Идејата, да се подигне нивото, професионалноста и квалитетот на овие услуги во Р.Македонија е водечка сила за формирање на СТУДИО АЛТЕРНАТИВА, како синоним за ПРОФЕСИОНАЛНОСТ и КВАЛИТЕТ. ПОСЕТЕТЕ НЕ!
    • Contact Person Name:Dejan
    • Address:Исаија Мажовски 44 лок.6
    • City:Skopje , Macedonia
    • Cell Phone #:078/429295
    • Telephone #:02/6150369
    • Geo Location:Show



    026150369

    shopping assistance