SILK®- колекција за депилација на лице и тело/ SILK® Hair Removal collection
|
- product description
- company profile
product description
Product Description:-SILK® ROLL-ON ПРИРОДНА СМЕСА за депилација на тело Природна “шеќерна” депилација за ефикасно и речиси безболно отстранување на несаканите влакна од корен. Кожата останува мазна и нежна и до 4 недели. Прецизно и дозирано се нанесува со помош на roll-on апликатор. Лесно се отстранува со вода. Погоден за сите типови на кожа. Доколку сакате да останете дома а да добиете резултати како да сте посетиле скап салон за убавина. Природна смеса за депилација на тело, без додадени бои, парфем и без парабени. -SILK® ЦВРСТ ВОСОК ЗА ДЕПИЛАЦИЈА со алуминиумски сад Восок во гранули за традиционална топла депилација. Eфикасно, лесно и речиси безболно ги отстранува од корен несаканите влакна на лицето и телото. Посебно погоден за депилација на осетливите места, како и за отстранување на кратките, дебели и отпорни влакна. Особено ефикасен за бикини линијата. Кожата ја остава мазна и свежа поради истовремениот благ пилинг. Ефект кој трае и до 6 недели. Погоден за сите типови на кожа. -SILK® КРЕМА ЗА ДЕПИЛАЦИЈА НА ТЕЛО со уреа Брзо, ефикасно и безболно ги отстранува несаканите влакна од телото. Збогатена со уреа која ја омекнуваат и хидратираат кожата. -SILK® ЛЕНТИ ЗА ДЕПИЛАЦИЈА на лице и тело во пакување од 20 и 200 ленти Ладна депилација за ефикасно, лесно и речиси безболно отстранување од корен на несаканите влакна. Формула збогатена со комбинација на екстракт од невен и сончогледово масло, која ја смирува и омекнува кожата, оставајќи ја мазна, мека и нежна по секоја употреба. Ефект кој трае и до 4 недели. Погодни за депилација на лицетои телото. Наменети за сите типови на кожа. Совршен избор доколкупосакувате кожа нежна како свила за подолг временски период.Едноставна и лесна употреба, потребни Ви се само неколкусекунди да ја загреете лентата меѓу дланките и можете да почнете.
Seller:Galafarm
Place of Origin:Macedonia
company profile
Galafarm
- Company introduction:ГАЛАФАРМ е македонска фармацевтска компанија чија основна дејност е производство и продажба на фармацевтски и козметички производи. Лоцирана е на производствена површина од 2500м², и опремена со современа технологија, и производство во чиста средина се со цел да се овозможи најдобар квалитет за нашите производи. Сите производствени процеси се надгледувани од високо едуцирани луге кои секојдневно го применуваат своето знаење и искуство. Креиравме бизнис ориентиран кон потрошувачот и поседуваме ISO 9001:2008 сертификат од 2003 година.Компанијата е изградена, дизајнирана, и опремена во согласност со барањата на Добрата Производствена Практика водич што ги утврдува аспектите на производство што би влијаеле на квалитетот на производот. Нашата компанија е фокусирана и на странските пазари и моментално врши извоз на производи во многу соседни и подалечни земји. Во 2003 Галафарм се прошири и надвор од границите на Македонија со отварање на нова компанија со сопствено складиште во соседната земја Србија. Денес Галафарм ДОО Белград е успешна компанија со повеќе вработени. Галафарм е подготвен за партнерства и нови можности за нашите производи во странски пазари. Македонија се наоѓа во центарот на Европа и нејзината положба ја прави идеален транзит и дистибиционен центар за производи на Европскиот пазар. Географската близина на овие пазари дозволува ниски дистрибутивни трошоци и навремена испорака од Македонија. Галафарм ги извезува своите производи во следниве земји: Црна Гора, Словенија, Бугарија, Албанија, Косово, Хонг Конг. За овие земји Галафарм има ексклузивни застапници кои ги дистрибуираат производите на овие пазари.
- Contact Person Name:Сектор Маркетинг и продажба
- Address:ул.51 бр.23, Стопански двор, с.Волково
- Post Code:1000
- City:Skopje , Macedonia
- Telephone #:022050800
- Fax #:0202 2050989
- Geo Location:Show