Company introduction:Компанијата АЛФА Инжинеринг е основана во 2000 та година и првенствено компанијата е замислена да делува на полето на индустриската електрика и автоматика, односно изведба на инсталации и опрема за контрола и автоматско управување на индустиски процеси. Исто така врши инсталации на пумпи и пумпни станици за водоснабдување од поголем капацитет со целокупниот потребен градежен, механички и автоматско-електрички дел.
Со време АЛФА Инжинеринг се развива и опремува инфраструктурно и оперативно и започнува со целосна изведба на инфраструктурни објекти, односно објекти за снабдување со вода за пиење и технолошка вода. Изведба на цевоводи и пумпни станици, до изведба на целосно заокружени системи со објекти за третман и филтрирање на вода за пиење и системи за пречистување на отпадни води.
Kако дел од своето работење ja опфака и продажбата и сервисирањето на пумпи од програмата на Grundfos. Алфа Инжинеринг континирано работи на развојот и унапредувањето на сервисот со примена на строгите стандарди за квалитетот на услугите кои ги наметнува реномираниот производител.
Исто така паралелно со оваа област на делување АЛФА Инжинеринг успешно изведува и објекти од енергетиката, посебно на полето на изведба на дистрибутивни енергетски водови и автоматско контролни системи за контрола и автоматско водење на повеке видови процеси во индустријата, рударството и осветлувањето.
Нашето долгогодишно искуство во изведба, во комбинација со високо квалифакувани инижинери ни овозможува да нудиме услуги за инжинерски и технички дизајн и проектирање во областа на енергетиката и водоводно снабдување.
Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на веб-сајтот од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата кои ги користи MarketKonekt не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот.