00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Новогодишни честитки (комплет 20 честитки по ваш избор)

Новогодишни честитки (комплет 20 честитки по ваш избор)

Адреса за испорака

Име и презиме (за достава)
Телефонски број за контакт
Улица
Град
Забелешки за достава
Цена со ДДВ:

2000 ден.
Количина: -+

Достава:
Плаќање:


* Бесплатна достава за цела Македонија

Производот го добивате за 1 до 2 работни дена. Доставата е бесплатна за цела Македонија.

MarketKonekt гарантира 100% заштита на купувачите. Доколку производот не соодвествува на описот нудиме враќање на парите. Прочитајте повеќе.


  • опис на производот
  • мислења од корисници
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Со секоја купена честитка, станувате и Вие златна рипка. Помагате да се исполни нечија желба и со тоа ни помагате на нас да им докажеме дека моќта на исполнетата желба е посилна од се.

    За секоја остварена нарачка/ донација, добивате Договор за писмен доказ за алокацијата на Вашите средства, не подоцна од 7 дена по извршената нарачка/ донација.

    Фондацијата за исполнување на желби на тешко болни деца “Златна рипка”- Скопје, и оваа година Ве повикува да бидеме хумани.
    Со секоја купена новогодишна честитка и помагате на фондацијата да ги исполни желбите на децата што се борат со тешките болести на одделот за онкологија при Детската клиника во Скопје.
    Одберете го Вашиот омилен дизајн, и не заборавајте да им посакате здравје на вашите најблиски, пријатели и соработници.
    Да бидеме хумани!
  • Достапност:Има залиха
  • оцени од корисници
    профил на компанијата

    Фондација Златна Рипка

    • Опис на компанијата:Фондацијата за исполнување на желби на тешко болни деца “Златна Рипка”- Скопје е самостојна, доброволна, невладина и непрофитна организација. Целите и задачите на фондацијата се насочени кон збогатување на детското искуство со надеж, сила и радост. Преку донирани финансиски средства од компании, граѓани и институции, им ги остваруваме најголемите желби на децата кои боледуваат од тешки болести на возраст од 3 до 16 години. Сметаме дека остварувањето на нивните најголеми желби е многу важен сегмент од нивното лекување, бидејќи нуди надеж и верба за подобро утре. Ние, Фондацијата Златна Рипка, веруваме дека моќта на исполнетата желба е посилна од сè. Тимот на фондацијата вклучува и лиценциран психолог кој преку разговор и дружење со децата на Клиниката за дестки болести – оддел Онкологија, доаѓа до нивните најголеми желби, аспирации, идоли, а златната рипка им ги остварува. Желбите немаат граници и ќе ги поттикнат дечињата да размислуваат дека ништо на светот не е невозможно. Токму таа надеж и мисла за една остварена желба плус, е она што ќе ги насмее и што ќе овозможи полесно лекување. Универзитетската клиника за детски болести ја поддржува оваа иницијатива и своевремено смета дека овие хуманитарни активности се многу важен сегмент од лекувањето на децата на одделот на Онкологија, бидејќи будат надеж и верба во подобро утре и полесно справување со деновите поминати на клиниката, а и во својот дом.
    • Име на контакт лице:Неда
    • Телефон #:02/3217646



    070/287-777

    за информации и помош при купување