00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Топлинска пумпа MCI


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Реверзибилна топлинска пумпа MCI 008 која ги користи најсовремените технологии, така што сите уреди се со инвертер мотори при што многу е намалена потрошувачката на електрична енергија во секој режим, со што се обезбедува ниво на енергетска ефикасност со која уредите спаѓаат во класата А+ или А++. Благодарение на напредните стратегии за управување кои се имплементирани, кај контролата интегрирана е функционалноста на главните компоненти на уредот, со што се оптимизира интеракцијата помеѓу главните делови: компресорот, вентилаторот и циркулацијата на водата. Ладилен капацитет: 7,84 kW * EER: 3.99 * Греен капацитет: 7,16 kW * COP: 3.97 * EE класа: А+ * Произведува: Galletti, Италија
  • Земја на потекло:Италија
  • профил на компанијата

    Енекс Гроуп Инженеринг

    • Опис на компанијата:Компанијата Енекс Гроуп Инженеринг на пазарот нуди еколошки и енергетски производи и системски решенија за греење, ладење и производство на санитарна топла вода како топлински пумпи и соларни системи. Компанијата Енекс е официјален и екслузивен застапник на територијата на Р.Македонија на австриските компании IDM-Energiesysteme GmbH за топлински пумпи и Sonnenkraft за соларни системи. Нашата мисија е да им понудиме на нашите клиенти еколошки и со врвен квалитет производи и системски решенија за греење, ладење и производство на топла вода, со високо ефикасно користење на обновливи енергии. Нашиот искусен тим нуди високо квалитетни услуги, техничка поддршка и обуки за нашите клиенти и соработници. За дополнителни информации посетете не на www.eneks.mk
    • Име на контакт лице:Дарко Јакимовски
    • Адреса:ул. Вангел Тодоровски 17-1/7
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:+38925110347
    • Локација на мапа:Прикажи



    070/287-777

    за информации и помош при купување