00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

СОЛАРЕН КОЛЕКТОР WOLF TopSon F3-1


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:TopSon F3-1 е соларен колектор со рамен панел и со високи перформанси од WOLF Германија. Тој е произведен од еколошки материјали од еден вид кои може да се одвојат и рециклираат во иднина без никакви проблеми.

    Високиот квалитет на производот овозможува очекуван работен век од 20 години. Ново развиениот алуминиумски басен, кој е запечатен од сите страни допринесува кон очекувано долгиот работен живот на колекторот.

    Колектори со рамен панел тестиран на EN 12975 Дел 2 со висока енергетска ефикасност.

    Длабоко повлечен алуминиумски колекторски басен, отпорен на временските услови

    Минерална термална изолација, дебелина од 60 mm за минимални загуби од ладење. TopSon е со дополнително изолирани страници

    Колектор од чист бакар за висока ефикасност

    Кривулестата конструкција гарантира еднаков проток и ефективност при низок проток

    Копензатори за експанзија меѓу колекторите

    Безбедносно стакло со дебелина 3.2 mm, отпорно на град, според EN 12975

    Може да се поврзат до 5 колектори од една страна, опционално поврзување од лево или од десно.

    Само испразнување преку "four-connection" технологија

    *Површина 2,3 м2
    *Оптичка ефикасност 80,4 %

  • Достапност:Контакт
  • Продавач:АИРКОН
  • Земја на потекло:Германија
  • Гаранција:5 години
  • профил на компанијата

    АИРКОН

    • Опис на компанијата:АИРКОН е инженерски ориентирана компанија која постои на нашиот пазар веќе подолго време. Oд 1997 година, се појавува на пазарот под брендот АИРКОН, што претставува синоним за лидер на пазарот за климатизација, греење и вентилација. Гаранција за нашиот успех е големиот број задоволни клиенти. Квалитетот на производите што ги нудиме и задоволните клиенти е нашата цел за успешно дејствување и во годините што претстојат. Покрај самоиницијативното сертифицирање на менаџмент системот ISO 9001 и системот за животна средина ISO 14001, АИРКОН го усогласи своето делување со измените во Законот за градба и доби Лиценца А за проектирање, ревизија, надзор, изведба и управување со градби. Основните активности се базираат на превземање на фазата машинство во градежната индустрија, нејзино автоматско управување и контрола, и тоа: • проектирање на техничка документација, • испорака на опрема од палетата на производи на своите Принципали, • монтажа на опремата и пуштање во работа, • изведба на инсталации, • контрола и регулација на системите за греење, ладење и вентилација со опрема за автоматска регулација BMS систем, • редовно и сервисно одржување, • надзор над договорни активности за фаза машинство, • консултантски услуги и инвестициони анализи. Работиме со опрема од светски реномирани производители, и нашиот опсег на опрема се состои од: • клима уреди, • чилери / топлински пумпи, • вентилоконвектори, • клима комори, • вентилатори, • соларни системи.
    • Име на контакт лице:Аиркон Доо
    • Адреса:бул.Партизански Одреди 70-б
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:00 389 (0) 2 3090 500
    • Факс #:00 389 (0) 2 3090 501
    • Локација на мапа:Прикажи



    023090500

    корисничка поддршка