00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Совети за заштита на кожата во лето

 


Во лето косата станува посветла, кожата потемна, деновите подолги, а пијалаците поладни. Но, колку и да го сакаме летото со сите негови предности, во овој период потребно е и дополнително да внимаваме на негата на кожата. Иако изгледа убаво, бронзениот тен може да биде и закана за здравјето, доколку е постигнат неправилно. За таа цел, прочитајте ги овие совети како до убав тен со соодветна нега во летниот период. 

Во кој период (не) треба да се сончате?

Во периодот од 11,00 до 16,00 часот препорачливо е да не се изложувате на сончевите зраци, бидејќи во овој период сонцето е најсилно. Прекумерното изложување на сонце е голем ризик за здравјето, ги оштетува влакната на еластинот во кожата и предизвикува нејзино оштетување, но и предвремено стареење. Со цел да се заштитите потребно е да употребувате препарати кои содржат комбинација на УВА и УВБ – филтри. Тие ја спречуваат појавата на изгореници и брчки и го превенираат предвременото стареење на кожата, а можете да ги најдете тука.

Како да се заштитите?

Телото има чувствителни делови кои не смеете да заборавите да ги заштитите доколку се изложувате на сонце. Таков е случајот со кожата околу пазувите, задниот дел од колената, очните капаци и деловите од кожата под костимот за капење кои многумина забораваат да ги заштитат. Задолжително користете  лосион со соодветен заштитен фактор кој ги штити клетките на кожата и е погоден за сите видови на кожа. Лосионот треба има минимум 15-ка заштитен фактор за возрасни, а за децата заштитниот фактор треба да изнесува минимум 30. Соодветна колекција која, покрај заштитата има својство и да ја негува детската кожа, можете да најдете тука. Исто така можете да набавите капсули за заштита на кожата, за кои можете дополнително да се информирате на следниов линк.

Бета каротенот е моќен антиоксиданс кој  може да ви помогне за заштита на кожата. Тој ја заштитува кожата од ултравиолетовото зрачење, ја зголемува продукцијата на меланин и помага за побрзо добивање на темен тен. Искористете ја оваа понуда и нарачајте си капсули како додаток во исхраната со кои ќе си овозможите врвна заштита.

Превенција од изгореници

Доколку се соочите со изгореници на кожата употребувајте препарати кои имаат својство на ладење и хидратација. Тие најчесто во нивниот состав содржат алое вера и имаат смирувачко дејство, а освен што ќе ве заштитат од оштетувања предизвикани од изложување на сончеви зраци, ќе ви помогнат во случаи на иритација и повреди.

Во случај на полесни изгореници треба да внесете течности и да се истуширате со студена вода. Доколку пак чувствувате треска, гадење или ви се појавиле плускавци, задолжително обратете се на лекар.

За крај не заборавајте дека умерената изложеност на сонце е најдобриот начин за постепено добивање на тен и долготрајност на истиот.

 

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка