00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Со мали трошоци освежете го изгледот на кујната

Голем дел од времето сите го поминуваме во кујната. Сега, со мал буџет можете да го подновите овој важен дел од домот. Ние ви подготвивме неколку практични решенија:

Направете промена на ѕидните плочки

Изгледот на ѕидните плочки во кујната може да го промените и без копање на старите плочки, изнесување шут и набавка на нови плочки. Набавете ѕидна облога која едноставно и брзо се лепи со силикон на постојните плочки. Изборот на разни дизајни на облоги можете да го видите тука. Лесни се за одржување и отпорни се на сите средства за одржување хигиена во кујната. Всушност, ги имаат истите својства како керамичките плочки. Постои можност да одберете работна плоча и ѕидна облога со иста боја или дезен и со тоа ќе добиете една целина во кујната која изгледа многу модерно. 

Додајте светлина

Осветлувањето под елементите навистина може да го промени изгледот на кујната. Освен тоа, додека подготвувате оброк, многу е практично да имате убаво осветлување за подготвување на храната. Светилка за под елементи најдете овде. Има и светилка која се вградува внатре во елементите за да го осветли внатрешниот простор со природна бела светлина (со вграден сензор што ја пали светилката), која може да ја најдете тука.

Максимално искористете го просторот

Вградете полица во аголот од вашата кујна. Практичен и елегантен елемент кој ќе ви помогне многу лесно да го користите овој, инаку тешко достапен простор. Најдете го тука.

Решете го проблемот со отпадоците

Уникатен и практичен елемент кој го олеснува работењето во кујната, а кој можете лесно да го додадете, е кантата за собирање отпадоци директно од работната плоча. Кликнете тука за да ја дознаете цената на овој производ и за да направите нарачка.

Заменете ги вратичките на елементите

Ако елементите во кујната не се премногу стари, тогаш променете ги само вратичките. Денешниот пазар нуди голем избор на соодветни плочести материјали и оплеменети иверки со широка палета бои, од светли и живи, до темни и тивки нијанси. Најдете ги тука. Доколку Ви е потребна помош околу замената на вратичките на елементите, сите фирми за изработка на мебел по порачка погледнете ги овде.

Променете ги рачките

Оковот претставува накит на мебелот во домот, така што освежувањето на кујната можете да го направите и со промена на рачките од вратичките. За модерен изглед и рамни површини на вашата кујна, одберете алуминиумски рачки со правилна геометрија, додека, пак, за рустикален изглед, одберете тркалезни рачки.

Големиот избор на секакви рачки погледнете го тука ‒ одберете ги најсоодветните за вашата кујна.

Голем избор на секаков мебел од разни продавачи, како и уникатни решенија за вашиот дом можете да најдете на следниов линк и можете директно да контактирате со производителите за дополнителни информации и за нарачка.

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка