Како да го мотивирате детето за лесен почеток на новата учебна година
Преминот од забавно и релаксирано лето кон домашни задачи, обврски и рутини не е никогаш лесен, како за децата така и за родителите. Мал е бројот на оние деца кои со задоволство би ја започнале новата учебна година, а многу поголем бројот на оние кои новиот почеток им носи неспокој, страв и слаба мотивација. Овие негативни чувства се многу нормални и истите лесно можат да бидат пребродени со мала помош од родителите.
Задржете позитивен став Ставот на родителите има силно влијание на тоа како децата го доживуваат почетокот на школската година. Децата ги впиваат чувствата на нивните родители и многу често реагираат на истите. Треба да се има верба дека детето ќе успее да се избори со промената колку одбивно и да реагира на неа. Нагласете му на вашето дете дека стравот не треба да преставува пречка туку дека тоа е само нормална реакција на нашето тело кога е соочено со некоја нова ситуација.
Направете зона за учење во вашиот дом Многу истражувања докажале дека големо влијание на мотивираноста за учење има просторот каде учи детето. Затоа е многу важно на вашето дете да му обезбедите продуктивен простор каде ќе може да ги завршува своите училишни обврски. - Обезбедете маса со површина доволно голема за работа и за да ги собере сите тетратки и учебници.
- Одберете несекојдневно столче кое ќе биде удобно за време на учењето.
Набавете соодветна технологија Во денешно време компјутерите сè повеќе се користат во образованието, и учениците уште од мали нозе се научени да го употребуваат компјутерот за завршување на училишните обврски. Искористете го овој период на попусти и ниски цени и набавете лап топ или компјутер како и принтер за да не се најдете во небрано кога ќе видите дека локалниот фотокопир е затворен.
Имајте залиха од училишни материјали Една од работите која создава нервоза и ја нарушува мотивацијата е кога за време на учење или подготовка на некој проект забележите дека фали некој училишен материјал. Затоа секогаш имајте залиха од најнеопходните материјали како пенкала, моливи, тетратки, хартија и тонер за принтер, калкулатор, шестар, водени боички, маркери, ножички, стикери, лепила... Сите останати материјали кои би му биле потребни на вашето дете во текот на целата учебна година можете да ги погледнете тука.
Започнете ја новата учебна година со ново ранче Училишниот ранец се користи секојдневно и најчесто е преполн со учебници и тетратки, а ако не е направен од квалитетен материјал може многу брзо да се уништи. Одберете квалитетен ранец со интересен дезен кој вашето детенце со задоволство ќе го носи во училиште.
Бидете вклучени во секојдневието на вашето дете По враќањето дома од училиште одвојте малку време и разговарајте со вашето дете за тоа како го поминало денот. Секој постигнат успех, без разлика дали е мал или голем, одбележете го. Тоа ќе му даде мотив плус да се впушта во нови предизвици.
|