00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Колку ќе ве чини да имате камин во вашиот дом?

 

Сакате од вашата куќа да направите топол дом? Поставување на камин е најдобриот начин за да го постигнете тоа. Не постои ниедно парче мебел кое вашиот дом може да го направи пријатно и удобно место за живеење толку ефикасно. Особено во ладните есенски и зимски денови кога се што ни треба е шолја чај или кафе пред топол камин. Покрај тоа што е одличен декоративен елемент на домот, во последно време каминот е една од најатрактивните опции за греење со која заштедувате на енергија, но и на финансиски средства. 

Постојат различни видови на камини па доколку размислувате на ваква инвестиција пред почетокотна оваа грејна сезона, погледнете што се нуди на пазарот во моментот.

Камини на пелети

Во последниве години греењето со камини на пелети е доста чест избор. Причините за ова се многубројни. Пред сè изгледот и функционалноста на овој тип камини е доста усовршен, па така преку нив можете да го затоплите домот, да заштедите на енергија и воедно имате одличен декор во домот. Модерните камини имаат опција за поврзување на централно греење, како и можност преку далечински управувач да ја регулирате температурата и согревањето.  Цената на камините на пелети на пазарот се движи од 40.000 денари па сè до 100.000 денари.  Горивниот материјал односно пелетите се составени од пилевина и се карактеризираат со поголема густина поради што согоруваат со поголема горивна ефикасност. Освен тоа, не ѝ штетат на околината, а и полесни се за складирање од дрвата. Нивната цена се движи од 12 денари за килограм на големо (12.000 денари за тон) до 13 денари за килограм на мало.

Камини на дрва

Камините на цврсто гориво односно на дрва се потрадиционално средство за загревање кое е присутно со векови.  Низ годините изгледот на овие камини е модифициран и подобрен па така денес на пазарот може да се најде камин на дрва со навистина модерен изглед.  Доколку сте повеќе за трационален изглед на камин постојат компании кои прават камини по нарачка според вашите желби и димензии кои одговараат за вашиот дом. Од горивен материјал за овие камини најмасовно се користи дрвото кое воедно е и најефтино, но доколку сакате по еко-пријателска варијанта, брикетите се вистинскиот избор.  Тие, иако направени од дрво, не содржат вода во себе и со тоа загадуваат помалку. Дрвото пак содржи вода и троши енергија за да се ослободи од неа, па при согорување создава јаглероден диоксид што го загадува воздухот. Цената на брикетите чини околу 12 денари за килограм односно 12.000 денари за тон.  

Вградени камини

Вградените камини се извонреден декоративен избор. Постојат голем број компании што изработуваат ваков вид на камини, за чија цена можете да ги контактирате тука. Зависно од вкусот, заедно со изведувачот можете да договорите изглед кој најмногу одговара на стилот на вашиот дом. Освен тоа, камините му даваат посебен амбиент на домот.

Крајно она на кое највеќе треба да обрнеме внимание е енергетската ефикасност. Секој сака да пронајде начин како да заштеди енергија и да ги намали цените на сметките, а каминот е еден од начините преку кои можете да го постигнете тоа. Новите модели се така создадени да достигнуваат што е можно поголема ефикасност, односно не дозволуваат топлината лесно да „побегне“.

Понудата на грејни тела кои моментално се наоѓаат на нашиот пазар може да ја погледнете тука и навреме да се подготвите за претстојната грејна сезона.

 

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка