00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Направи сам-а

Органајзер за марами

Средете ги и организирајте ги марамите. Сè што ви треба се прстени за закачување завеса и слободна закачалка од Вашиот шкаф. Погледенете ја сликата и останатото е веќе јасно, нели?
 
А изборот на закачалки за облека на MarketKonekt.com погледнете го тука

Полица за чевли и столче

Претворете ја старата гајба во полица за чување чевли. Гајбата измазнете ја добро со шмиргла и обоете ja со спреј во боја, по ваша желба. Oткако добро ќе се исуши, ставете волна над страничниот дел и се тоа обвиткајте го со мебел штоф со дезен по ваш избор. На краевите, захефтајте го материјалот со хефталица за дрво, правејќи истовремено и полица за чевли и столче. За поголема подвижност, можете да монтирате и тркалца, користејќи ја оваа дупчалка. Со среќа и пишете ни дали успешно ја направивте оваа креација!

Подарок за крштевка

Еве како да направите прекрасен и оригинален подарок за секое новорoденче и крштевка. Сè што ви треба се детски пелени, кои ќе ги наредите околу пудра за деца. Откако ќе ги наредите на 3 спрата, заврзете ги со сатенска трака испечатена со натпис по ваш избор. На крај, украсете ја со цветови направени од свиткани детски чорапи и цуцли.

А, доколку не сакате да се мачите, на MarketKonekt.com можете да најдете и готова Памперс торта.

Држач за накит

Сè што ви треба е: пластично шише, метална дршка, сет батериска дупчалка за бушење и рамнење на врвовите на исеченото шише, ленти за полирање и завртки и навртки. Одлична идеја, лесна за изработка и со практична намена!

Мозаични, интересни и весели саксии со цвеќиња

Супер начин како да ги украсите досадните садови на вашите цвеќиња и без многу пари „фрлени“ за скапи саксии да ја декорирате собата и градината. Изберете најобични и евтини саксии, најдете стари плочки со интересен дезен и искршете ги на мали парчиња. Со лепак за плочки наредете ги на саксијата и измазнете ги убаво со шпакла, вадејќи го вишокот на лепакот. Резултат се мозаични, интересни и весели саксии со цвеќиња!

Велигденска декорација

Интересна идеја за велигденска декорација што можете да ја направите сами дома. Ќе ви треба коноп, балон, бело течно лепило, појаки ножици, украсна лента, алуминиумска и најлонска фолија. Откако ќе ги снабдите потребните материјали, процесот на креирање е веќе лесен, само следете ги чекорите на сликата!

Алки за рака

Наместо да давате многу пари за различни алки, кои сепак нема да бидат со дезенот што го сакате, зошто не направите сами на овој едноставен начин? 
Исечете пластично шише, обвиткајте го со дакт трака, изберете материјал по ваша желба и залепете го со супер лепак, a за прецизно нанесување, искористете го пиштолот за лепење.

Кутија за чување прстени

Еве еден едноставен начин сами да си направите кутија за чување прстени. Сè што ви треба е украсна кутија и стар пешкир кој ќе го исечете на неколку парчиња со кројачки ножици и наредeте како на сликата.

На MarketKonekt.com има и готов држач за прстени.

Органајзер за обувки

Сигурни сме дека од толку многу сандали и балетанки, ви се направи „гужва“ во плакарот! Затоа, еве едноставен начин како да го средите хаосот. Сè што ви треба се мини клешти за виткање, клешти за сечење, бои во спреј и некоја стара метална закачалка што ќе ја најдете дома! Одлична идеја за да бидете креативни и воедно да ги организирате вашите чевли.
 
A, aко сте во потрага по балетанки, можеме и тука да ви помогнеме со голем избор на MarketKonekt.com

 

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка