00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Што мора да поседува секој сопственик на автомобил оваа зима?

 

Сообраќајната култура е нешто што треба да го поседува секој човек. Со цел да се обезбедите себеси, а и другите учесници во сообраќајот, треба да ја почитувате поставената сообраќајна сигнализација, но и законската обврска за користење на зимска опрема за време на претстојниот зимски период од 15ти ноември до 15ти март идната година. Секој сопственик на моторно возило е должен да го направи своето возило безбедно за зимски услови, како и да ја поседува пропишаната зимска опрема доколку учествува во сообраќај надвор од населено место. 

 

Пневматици


Основната опрема која треба да ја поседува секој сопственик на моторно возило се зимските пневматици. Зимски се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака “MS”, “M+S”, M&S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. За да го спречите својот автомобил од излизгување на патот и според Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, возилата со тежина до 3.500 килограми треба да поседуваат зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 4мм. Оние моторни возила пак, со погон на четири тркала, треба да поседуваат зимски пневматици со минимална длабочина на шарите и слојот што гази по обем и широчина од 6мм. На пазарот се нудат различни зимски гуми, за цените и попустите ( до 48% ) информирајте се ТУКА.

Антифриз


Антифриз е адитив кој бил развиен со цел да ги надмине недостатоците на водата како течност која е преносител на топлина. Тој се користи за време на студените временски периоди за да се спречи оштета на деловите во автомобилот поради нивна експанзија кога водата замрзнува. Антифризот го заштитува моторот од замрзнување ако температурата падне под точката на мрзнење. Избор на антифриз и информации околу цените на нашиот пазар може да најдете ТУКА.

Зимски додатоци за автомобил

Постојат и други средства кои се неопходни за време на студените зимски денови.

Многу други производи кои му се потребни на вашиот автомобил во зимскиот период можете да пронајдете ТУКА.

 

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка