00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Јонски омекнувач на вода


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Уред за отстранување на калциум (бигор) од водата.

    Омекнувањето на водата се врши на принципот на измена на јони. Катјонскиот полимерен изменувач, сместен во колоната, ги менува јоните на калциум со јони на натриум. Регенерацијата се врши со NaCl (нејодирана сол). Целиот процес го контролира и управува соодветен процесор и вентилска група.

    Овие уреди ги решаваат сите проблеми предизвикани од тврдата вода.

    Флуид Проект нуди неколку стандардни типови на омекнувачи, но се проектираат и изведуваат по потреба и други со поспецифични параметри.

    Се користи за домаќинствата за пиење и санитарната вода додека пак во индустријата за добивање на квалитетна технолошка вода.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Флуид проект
  • профил на компанијата

    Флуид проект

    • Опис на компанијата:Флуид Проект ДОО е компанија во приватна сопственост, која во областа на третманот на вода за пиење и отпадна вода, заштитата на човековата околина и подводните истражувања е единствена. Компанијата е формирана 1992 год., а нејзините пионерски чекори во истражувачките и развојни активности, во овие области, датираат од 1983 год. Флуид Проект е специјализирана за проектирање и оптимизација на процеси, технологии и опрема за третман на вода. Таа е посветена на процесите за изнаоѓање и реализација на решенија кои ја воспоставуваат рамнотежата меѓу интересите на нашите клиенти и заштитата на животната средина. Еколошки третман на водата: Филтрирање Омекнување на водата Деферизација и деманганизација Деминерализација УВ стерилизација Хлорирање и озонирање GMP сертификација Пречистување на отпадни води Базени и базенска опрема Филтри за домашна употреба
    • Име на контакт лице:Далибор
    • Адреса:бул.Србија 9
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:070361533
    • Телефон #:02/3130143
    • Факс #:02/3212767
    • Локација на мапа:Прикажи



    023130143

    корисничка поддршка