00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Прочистувач на воздух Ionic Care со траен филтер


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Секции:
  • Опис на производот:ЕДЕН ВРЕДЕН, Прочистувач на воздух со вграден јонизатор и со траен филтер, за 24/7 заштита

    > Ефикасен
    > Практичен
    > Траен
    > Напреден
    > Одржлив
    > Бесшумен
    > Еколошки
    и повеќе...

    СПЕЦИФИКАЦИИ:

    -Ефикасност: 96% против прашнасти честички во воздухот, вклучително бактерии, вируси, алергени, спори од мувла, радон во распаѓање (познати како PM - particulate matter, суспендирани честички со големина изразена во микрометри-μм, од најситни PM 0,3 до PM 10 кои се пренесуваат низ воздухот). Издадените протоколи за ефикасност од Државен Здравствен Институт Прага можат да се видат подолу во оригинал и превод
    -Траен електростатски филтер
    -Бучава: макс. 8 dB
    -Максимална просторна површина при стандардна висина на таван: 75 м2
    -Капацитет на воздухот: 65 m3/ ч
    -Напојување: 220-240 V/50 Hz
    -Моќност: мах.12 W (потрошувачка на струја 2 мкд/24ч)
    -Светлосна сигнализација за три брзини на работа на уредот
    -Светлосна сигнализација за прекумерна нечистија наталожена на филтерот и потреба од негово темелно чистење
    -Тежина: 3,1 кг
    -Висина: 71 см
    -Концентрација на негативни јони на растојание од 50 см: 4.2x10 5 / cm 3
    -Концентрација на негативни јони на растојание од 250 см: 2.7x10 2 / cm 3
    -Чешки производ со производство во НРК
    -Три варијанти на боја (сива, бела и црна боја)
    -2 години гаранција
    -15 дена законски рок на враќање во оригиналното пакување и неоштетен
    -Производство на озон: 0,005 - 0,025ппм, при лимит од 0,05 ппм

    ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЈАСНУВАЊЕ:

    1. Природата во домот - чист и јонизиран воздух

    -Природата го нуди најдоброто за нас! Чистиот и јонизиран воздух надвор, во незагадената природа е основен предуслов за здравје.
    -Но, голем дел од денот го минуваме во затворени простории. Таму воздухот е загаден од разни синтетички влакна, бои, градежни материјали, готвење, греење и исполнет со многу мало количество на здрави негативни јони (за кои повеќе ќе можете да прочитате подолу).
    -Чешкиот 5 години наградуван прочистувач на воздух, Ionic-CARE, на уникатен, практичен и ефикасен начин обезбедува квалитетен воздух и во затворени простории.
    -Благодарение на модерната технологија, тој уникатно комбинира две подобрувања на воздухот во просториите. Го прочистува воздухот од микро-честички од различен состав и големина (познати како PM - particulate matter, суспендирани честички со големина изразена во микрометри-μм) и го збогатува со корисни за здравјето негативни јони.

    2. Бесшумна циркулација на воздух/напредна технологија

    - Ionic-CARE врши бесшумна циркулација на воздухот во просторијата и низ уредот.
    - Во рок од 3 часа доаѓа до целосна циркулација на воздухот низ уредот, при брзина прилагодена на големината на просторијата, а веќе по првиот час има ефекти од прочистувањето.
    - Со помош на таканаречениот електронски ветер, како замена за бучните вентилатори, пар од електроди дава негативен полнеж на нечистотиите во воздухот. Тие поминуваат низ уредот и цврсто се налепуваат на позитивно наелектризираниот филтер.
    - Микро-честички од различен состав, хемикалии, дим од цигари, полен и други алергени, вируси, бактерии, спори од мувла, како и радон во распаѓање, се фаќаат на електростатскиот филтер од нерѓосувачки челик кој има зафатнина од 1100см2. Тие таму остануваат заробени се до наредното чистење на филтерот.

    - Еднаш неделно, а по потреба и почесто филтерот многу едноставно се извлекува и мие или брише со мокра крпа, па се остава потполно да се исуши пред повторно да се врати во употреба.

    3. Ефикасност и штедливост

    - Ionic-CARE со 96% ефикасност го прочистува воздухот.
    - Наменет е да биде вклучен 24/7, секогаш во употреба, без разлика на годишното време.
    - Начинот на работа обезбедува штедливост, па потрошувачката на струја е максимум 12W.

    4. Чистота, еко-одржливост и трајност

    - Трајниот филтер на Ionic-CARE редовно се мие/брише, еднаш неделно, а по потреба и почесто, овозможувајќи му на уредот да работи секогаш со чист филтер.
    - Чистиот филтер е истовремено и најефикасен.
    - Најважно, заради редовното чистење на филтерот, никогаш нема да дојде до долготрајно таложење на микро-честички, особено живи (како бактерии и габи) кои можат да имаат животен век и од повеќе месеци, како и тенденција на размножување.
    - Ionic-CARE е истовремено одржлив и еколошки производ заради фактот што трајниот филтер не се заменува со нов, па и не создава отпад кој дополнително ја загадува животната средина.

    5. Чешка технологија, многу награди

    - Чесите се познати по нивните одлични вештини во технологијата, но и по практичноста, квалитетот и трајноста на производите кои ги креираат и ги нудат на пазарот.
    - Ionic-CARE успешно се произведува од страна на чешката компанија „Хогнер“ повеќе од 12 години.
    - Пет години по ред, од 2015 до 2019 година е прогласен за ПРОИЗВОД НА ГОДИНАТА од страна на независниот водич за потрошувачи Heureka.cz во делот на прочистувачи на воздух.
    - Во Македонија тој се продава веќе трета година по ред, почнувајќи од 2018.

    6. Сертификати и протоколи

    - Ionic-CARE е тестиран и сертифициран од страна на Чишкиот институт за здравје Прага, како и од Медицинскиот факултет Храдец Кралове.
    - На веб страната www.ioniccaremk.com се изложени во оригинал и превод сите протоколи од значење за неговата ефикасност при справување со микро-честичките во воздухот, а посебно е издвоено справувањето со живите микро-честички, како што се бактериите и габите.

    7. Широка примена

    - Ionic-CARE е популарен не само во домовите, туку и во канцелариите и училишните установи! Има над 150.000 корисници ширум Чешка, Полска, Словачка, Македонија и пошироко.
    - Над 700 училници ширум Чешка го користат Ionic-CARE, а веќе имаме и неколку училници и една целосно опремена градинка и во Македонија.
    - Тој исто така наоѓа примена и во многу здравствени установи. Во Македонија можеме да се пофалиме со повеќе реномирани здравствени ординации кои го користат Ionic-CARE прочистувачот на воздух.
    - Исто така тој одлично се вклопува и во многу други простории, како теретани, салони за убавина и сл.

    КОМЕНТАРИ ОД КОРИСНИЦИ:

    Дарко П.- „Одличен производ! Го препорачувам, треба да го има во секој дом во Скопје и пошироко низ Македонија.“
    Нена Ц.- „Најдобар! Економичен значи не троши струја, нема бука, многу лесен за одржување, не зафаќа простор, нон-стоп може да е вклучен. Го имаме во теретана и воздухот е фантастичен. Не мириса на железо, нема влага, нема прашина. Да се грижиме за здравјето на сите нас почнувајќи од домот и работниот простор. Го препорачивам најмногу, има 10-ка.“
    Елена С. – „The best, I highly recommend“
    Елена Т. „Во моментов го користам прочистувачот на воздух lonic-care. Од производот сум премногу задоволна од причина што истиот е софистициран и практичен, беззвучен, лесно се чистат филтрите. Топло го препорачувам на сите потрошувачи кои претходно имале проблем со алергии, очекуваат принова....“
    Ѓорѓи К. „Тивок, лесен за одржување, пристапна цена, ефикасен!“
    Атилан М. „Многу сум задоволен од Ionic CARE“

  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:Метар
  • Земја на потекло:Чешка Република
  • Гаранција:2 години
  • профил на компанијата

    Метар

    • Опис на компанијата:МЕТАР дооел Скопје е трговско друштво кое има за цел да нуди на македонскиот пазар квалитетни, економични и корисни производи. МЕТАР е овластен увозник и дистрибутер за Република Македонија на чешкиот економичен и ефикасен прочистувач на воздух Ionic CARE Triton X6. Ionic CARE е чешки број 1 прочистувач на воздух кој повеќе од 12 години успешно се произведува од страна на чешката компанија „Хогнер“, а се користи не само во домовите, туку и во градинки, школи, амбуланти, теретани и канцеларии ширум Р.Чешка, Р.Полска, Р.Словачка и пошироко. Тој четири години по ред (2015-2018 година) е прогласуван за производ на годината во Р.Чешка од страна на независниот водич за потрошувачи Heureka.cz во делот на прочистувачи на воздух. Ionic CARE е единствен на нашиот пазар и има неколку клучни предности: тој е ефикасен прочистувач на воздух комбиниран со јонизатор, со нула трошоци за филтер бидејќи поседува траен филтер што се мие/брише, еколошки производ бидејќи нема отпаден филтер, работи со минимални оперативни трошоци (на 12 вати струја) па троши само 2 мкд струја на ден, лесно се ракува, одржува и чисти, има 2 години гаранција, комплетно е бесшумен и покрива 75м2 простор.
    • Име на контакт лице:Љубица
    • Адреса:Гемиџиска 117
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:078 423798
    • Локација на мапа:Прикажи
    следи ја оваа компанијаИспрати прашањесите производи
    Вкупна оцена:
    5.0 од 5.0 (2 оцени вкупно)




    078423798

    корисничка поддршка