00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Лице в лице 39-ти број (електронска верзија)


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Секции:
  • Опис на производот:Електронска верзија на 39. број на „Лице в лице“
    #СедиСиДома #ЧитајЛицевЛице

    Во оваа вонредна ситуација, продавачите на „Лице в лице“ не се на своите работни места, од разбирливи, превентивни причини.
    Но, поддршката, особено сега, им е уште повеќе потребна.
    На оваа платформа, списанието ќе биде понудено во онлајн верзија. Вие нарачувате, а ви стигнува на мејл електронска верзија на списанието.
    Со секоја ваква нарачка, половина од сумата ќе биде искористена во набавка на производи за продавачите на единственото улично списание во земјава.
    На ваков начин останувате информирани за важни теми од нашето опкружување, и во исто време - давате придонес во зајакнувањето на ранливите сограѓани.
    „Лице в лице“ им е потребно на продавачите и секако, на својата верна, активна публика – за да остане со здрава и активна мисла, за силно, одржливо општество.

    Ви благодариме

    ЛИЦЕ В ЛИЦЕ 39 ги донесува следниве содржини:

    ЛИЦЕ В ЛИЦЕ СО МАХМУД САДИК - НАСМЕАНИОТ ЏОРДАН ОД УЛИЦИТЕ НА СКОПЈЕ
    На­ши­от про­да­вач со ра­дост збо­ру­ва за спи­са­ни­е­то. Ве­ли, лу­ѓе­то од ка­фу­ли­ња­та ка­де што ре­дов­но по­ми­ну­ва, и вра­бо­те­ни­те и го­сти­те, му се го­ле­ма мо­ти­ва­ци­ја

    ЛИЦЕ В ЛИЦЕ ТЕМА – СО СЕКОЈ ЗДИВ СМЕ ПОБЛИСКУ ДО ЗАБОЛУВАЊЕ!
    До­кол­ку зем­ја­ва са­ка на­ско­ро да му се прик­лу­чи на европ­ско­то се­мејс­тво, ќе мо­ра да нај­де на­чин за на­ма­лу­ва­ње на за­га­ду­ва­ње­то.

    ЕТИЧКАТА БАНКА НЕ Е УТОПИЈА, ТУКУ НУЖНА ПОТРЕБА – ИНТЕРВЈУ СО ГОРАН ЈЕРАС, ОСНОВАЧ НА ПРВАТА ЕТИЧКА БАНКА ВО ХРВАТСКА
    Во све­тот што се со­о­чу­ва со кли­мат­ски про­ме­ни и со зго­ле­ме­на не­ед­на­квост на рас­пре­де­лу­ва­ње­то на гло­бал­но­то бо­гат­ство, по­тре­ба­та за по­и­на­ков вид фи­нан­си­ра­ње, за ал­тер­на­ти­ва - ни­ко­гаш не би­ла по­у­вер­ли­ва. Етич­ка­та бан­ка транс­па­рент­но ги пре­не­су­ва сво­и­те средс­тва во би­лан­сот на про­е­кти на ре­ал­на еко­но­ми­ја со по­зи­тив­но со­ци­јал­но и еко­ло­шко вли­ја­ние.

    РЕПОРТАЖА НИЗ ПРИЗМА НА РЕЖИСЕРКАТА НА „МЕДЕНА ЗЕМЈА“, ТАМАРА КОТЕВСКА – НЕ ПОСТОИ ЈАС, ПОСТОИМЕ НИЕ, ЗАПАМЕТЕТЕ ГО ТОА!
    Ка­на­ци­те мно­гу до­бро ја раз­би­ра­ат по­ра­ка­та на на­ши­от филм. Тие се пре­ку­о­ке­ан­ски­те бра­ќа и се­стри на Ати­џе, чи­ја­што су­шти­на на по­сто­е­ње­то е де­ле­ње­то. Ед­ни ме­ѓу дру­ги, ме­ѓу нив и при­ро­да­та.

    ПИСМО ДО МЛАДИОТ ЈАС – ЅВЕЗДАН ГЕОРГИЕВСКИ: ДА СЕ БИДЕ НОВИНАР, ПА НЕКА БОЛИ
    Не­кои луз­ни ќе ти оста­нат за­се­ко­гаш, ка­ко не­ка­кви зна­ци на тој пат. Ќе ра­бо­тиш се­што, ќе пре­ве­ду­ваш кни­ги, ќе ор­га­ни­зи­раш кул­тур­ни на­ста­ни, ќе ра­бо­тиш по ви­де­о­те­ки, ќе при­ре­ду­ваш збор­ни­ци, ќе учес­тву­ваш во раз­ни про­е­кти... И се­то тоа са­мо со ед­на цел – да мо­жеш да би­деш но­ви­нар со диг­ни­тет и со до­сто­инс­тво!
  • Достапност:Онлајн
  • Продавач:Лице в лице
  • профил на компанијата

    Лице в лице

    • Опис на компанијата:„Лице в лице“ е улично списание за одржлив развој, единствено во земјава. Излегува од септември 2012 година, и е меѓу пионерските социјални претпријатија во земјава. Продавачи на списанието се претставници од најранливите групи во општеството, кои се обучуваат за продажба од страна на тим на платформата „Лице в лице“. Половина од сумата на списанието (кое чини 100 денари) е директно за продавачот, а останатата половина се гради систем за нивна поддршка (за печатење и за активности кои го подобруваат животот на ранливите групи кои се вклучени во продажбата). Промовирајќи го моделот на социјално претприемаштво, списанието врши двојна улога – ги засилува ранливите категории граѓани, но, и ја подигнува јавната свест за прашања што нѐ засегаат сите нас – одржлив развој, социјална економија, социјална вклученост, социјална политика, демаргинализација на групи и на поединци, образование, еколошка свест, културен развој, активизам во уметноста и во културата, општествена одговорност, волонтерство, кои се и дел од темите што се во фокусот на интерес на списанието. Списанието излегува еднаш на два месеци, на 64 страници во боја. Содржината на магазинот, во најголем дел, ја создава тим на волонтери, како и поддржувачи на мисијата на списанието. „Лице в лице“ е член и на Меѓународната мрежа на уличен печат (ИНСП) со седиште во Глазгов.
    • Име на контакт лице:Лице в лице
    • Адреса:Орце Николов 93/5
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:02 2466444
    • Локација на мапа:Прикажи



    022466444

    корисничка поддршка