00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Вреднување на акции (удели)


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:СТАТИЧКИ ПРИСТАП - МЕТОД НА КОРЕГИРАНА СМЕТКОВОДСТВЕНА ВРЕДНОСТ.
    Со примена на статичкиот пристап - метод на корегирана сметководствена вредност, вредноста на друштвото се утврдува на тој начин што од проценетата вредност на средствата на друштвото (вкупна актива) се одзема проценетата вредност на обврските. Според овој метод, вредноста на друштвото зависи од вредноста на средствата намалени за вредноста на обврските, при што секое средство и обврска се проценува поединечно, според основниот критериум на правична пазарна вредност, со употреба на трошочен пристап. По оценка на проценителот, за некои средства тој може да го примени и пазарниот пристап. Методот на корегирана сметководствена вредност може да се применува врз основа на принципот на континиуитет или принципот на ликвидација. При примената на принципот на континиуитет секое средство се проценува врз основа на претпоставката дека тоа ќе се употребува и во иднина, употребувајќи го притоа трошочниот пристап. Кога се применува принципот на ликвидација, секое средство се проценува врз основа на претпоставката дека тоа ќе се продаде во моментот на проценката или накусо по неа. При изборот на принципот, проценителот ќе се раководи од очекуваната можност за заработувачка и од развојните перспективи на друштвото. Во конкретниот случај е применет принципот на континуитет. Основа за примена на овој метод претставуваат финансиските извештаи кои ги изготвува друштвото. Притоа, како датум на проценка во продолжение е земен крајот на годината за кој се употребува терминот “Година".
    ДИНАМИЧКИ ПРИСТАП - МЕТОД НА ДИСКОНТИРАНИ ИДНИ ДИВИДЕНДИ.
    Според овој метод, пазарната вредност на акциите се проценува со дисконтирање на очекуваните идни дивиденди, со стапка на принос која се бара од инвестиција со сличен ризик. Методот на дисконтирани идни дивиденди е едноставен метод на проценка на вредноста на акциите. Методот има широка примена за компании кои исплатуваат редовно дивиденда и остваруваат релативно стабилни стапки на пораст на дивидендата. Но, методот е применлив и за компании кои не исплаќаат редовно дивиденда, доколку постојат услови реално да се прогнозира дивидендата во наредниот период
  • Достапност:Онлајн
  • профил на компанијата

    Ековис Примеко Аудит

    • Опис на компанијата:Обезбедуваме високо ниво на професионални услуги од областа на ревизијата, сметководствениот и даночниот консалтинг. Работиме според највисоките професионални и етички стандарди. Приклучи се и ти на големото семејство корисници на нашите услуги. Нашата компетентност е особена во доменот на Оданочувањето, Меѓународниот стандард за финансиско известување (МСФИ) за мали и средни ентитети (МСЕ) и Статистиката.
    • Име на контакт лице:Примеко
    • Адреса:бул.Видое Смилевски Бато 7 лок. 10
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:00 389 (0) 2 2465919
    • Локација на мапа:Прикажи



    022465919

    корисничка поддршка